Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да поднесе неотповиклива оставка од градоначалник на Струмица

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ бара од челникот на најгоелмата опозициски партија СДСМ, Зоран Заев, веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица поради неговото аболирање од аферата „Глобал“, откако социјалдемократите претходно побараа оставка од градоначалникот од владејачката партија на општина Битола, Владимир Талески, кој е опфатен во случај на Специјалното јавно обвинителство во кој се истражува наводни злоупотреби познат како „Транспортер“.

dobivaj vesti na viber

„Само во тој случај градоначаникот Зоран Заев ќе има образ да бара што и да е од градоначалникот Владимир Талески“, изјави во саботата на прес-конференција во Битола пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

„Така и само така, со оставка и на ниту ниту еден друг начин, граѓаните можеби и ќе им поверуваат дека СДСМ се залагаат за правна држава во која се почитуваат законите и демократските принципи. Зоран Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра“, рече Илиоски.

Според него чесните социјалдемократи „самите го бараат одговорот зошто СДСМ бесрамно дозволува да биде заложник на единствениот аболициран криминалец во Република Македонија Зоран Заев, кој е свесен за својата вина и ја злоупотребува партијата и целата држава, само и само да се спаси од кривична одговорност за сопствениот криминал за кој постојат несоборливи факти, аргументи и докази“.

„Владимир Талески е еден од најуспешните градоначалници во Република Македонија неговата единствена вина е што е градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и според сценариото на СДСМ, тој треба јавно да биде дискредитиран во политички инструирана постапка на СЈО. Тоа го знаат и битолчани кои од 2005 година наваму во три изборни циклуса безрезервно му даваат поддршка на Талески. Таа поддршка се стекнува со програми и проекти за кои се гласа исклучиво на избори и не може да се наруши со неколку злонамерни коментари на социјалните мрежи, а уште помалку со протести на два-триесет луѓе кои блокираат улици. Почитувани од СДСМ, немате образ да барате оставка од Владимир Талески се додека Зоран Заев неподнесе оставка на функцијата градоначалник на Струмица и не ги врати 8те милиони евра кои ги украде за со нив да се изградат градинки, училишта, болници,а не да се руши државата“, рече Илиоски.

Истакна дека на Заев му било јасно дека нема основа, како што рече, обидот за политички прогон на Талески, и оти тој случај не бил поткрепен со ниту еден издржан аргумент и немал никаква законска и правна оправданост.

„На Зоран Заев, исто така, му е повеќе од јасно дека колку и да бега, еден ден ќе мора да се соочи со судот на народот, да биде жестоко поразен на избори и кривично да одоговара за секој криминал со кој го оштетил сопствениот народ и сопствената држава. За да му олесниме бидејќи е многу ‘зафатен’, оставката за Зоран Заев е веќе подготвена и треба само да ја потпише. Ќе му биде врачена во понеделник“, порача Илиоски./крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Спасен повреден чешки планинар на Шар Планина

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информира дека денеска во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на...

Свет8 часа

Трамп: Можно е да нема мировен договор меѓу Украина и Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен...

Свет11 часа

Зеленски му порача на Трамп: Нема да вратиме ниту 10 центи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека се надева оти првичниот договор за минерали со Соединетите Американски Држави ќе доведе до...

Македонија12 часа

Најсовесно и чесно ја извршував функцијата, не чувствувам ниту морална ниту професионална одговорност за да поднесам оставка, вели Чачарова- Илиевска

Тања Чачрова-Илиевска не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што очекува премиерот Христијан Мицкоски по поднесената интерпелација за членови...

Македонија13 часа

Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов

Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции, кои се казнети со глоба...

Македонија14 часа

Матичните штрајкуваат поради измените во „Мој термин“, од Министерството за здравство велат дека верификувањето на телефонскиот број на пациентите е еднократно

Матичните лекари денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк поради новите измени во системот „Мој термин“. Претседателката на Здружението на приватните матични...

Македонија15 часа

Ме обвинуваа дека сум анти-Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата....

Македонија15 часа

Филипче за резолуцијатa во ОН: Владата ја води надворешната политика без компас и стратегија

Конфузна, импровизирана и без компас е надворешната политика што Владата ја води по последните случувања во Обединетите нации поврзани со...

Топ16 часа

Тинејџер од Куманово со „ауди“ се заби во бетонска ограда од куќа, тешко повреден

На регионалниот пат кон Матечје, Липково, 16-годишен кумановец возејќи „ауди“ удри во бетонска ограда од куќа. Во несреќата со тешки телесни...

Македонија16 часа

(Видео) Пред Кривичен се бара правда за Феликс: Држава што не превенира и не санкционира охрабрува насилство!

Пред Кривичниот суд во тек е протест на кој се бара правда за кучето Феликс, кое беше претепано со метална...

Македонија18 часа

Македонија е делумно слободна земја, според извештајот на „Фридом хаус“

Според послендиот годишен извештај на организацијата „Фридом Хаус“, која ја следи состојбата на демократијата ширум светот, Македонија повторно е делумно...

Свет18 часа

Излегуваат детали за клучниот договор меѓу Украина и САД

Киев се согласи со условите на договорот за минерали за ретки земји со САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски би...

Свет19 часа

(Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час

Напојувањето е делумно вратено во делови од чилеанската престолнина Сантијаго, откако речиси целата земја остана без струја, јавува Би-Би-Си. Прогласена...

Свет21 час

Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата...

Европа21 час

(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително...

Свет21 час

Трамп и Зеленски се договорија, ќе потпишат в петок

Украина постигна договор со САД за експлоатација на нејзините клучни минерални ресурси, потврди извор од украинската влада за „Скај њуз“....

Регион1 ден

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема...

Македонија1 ден

Владата усвои предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините...

Македонија2 дена

Маркетите ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите

Маркетите отсега ќе мораат да ги објавуваат на интернет цените на производите, со најновите измени на Законот за заштита на...

Македонија2 дена

Неточни се наводите за работата на Министерството за животна средина: Владата ги отфрла шпекулациите

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата...