Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Заев продолжува со монтирани и креирани снимки

Зоран Заев продолжи со монтирани и креирани снимки да го спроведува своето сценарио, при тоа знаејќи дека нема што да објави, самиот коментира, самиот прави воведи, самиот прави нечесни конструкции и истите тие монтирани снимки ги става во манипулативен контекст, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој во неделата презентираше нови аудио материјали од прислушуваните разговори.
„Зоран Заев и СДСМ самите веќе го делегитимираа своето сценарио за креирање на нестабилност, лажење на јавноста и насилно превземање на власта. Самиот Зоран Заев призна дека соработувал со странска служба, самиот Зоран Заев призна дека купувал комјутери и автомобили на главниот осомничен Зоран Верушевски, неговите соучесници самите го признаа делото, самата партија СДСМ призна дека ги монтира и ги сецка разговорите кои ги објавува. Ете затоа никој повеќе, па дури и членовите на СДСМ, не му веруваат на Зоран Заев и неговиот гнасен заговор со странската служба“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Впрочем граѓаните јасно на секој изборен циклус кажуваат кому му веруваат. Тие веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, во стотиците проекти кои ги остави зад себе, новите 130.000 работни места, новите фабрики, автопати и регионални патишта, новите училишта, градинки и болници, поддршката за земјоделците, зголемените пензии, плати и социјални помошти. Граѓаните секогаш знаеле да го прочитаат деструктивниот концепт на водење на политика од СДСМ, базиран на лаги, манипулации и монтажи и истиот да го казнат на избори. Така било и досега, така ќе биде и на секои наредни избори, додека СДСМ се занимава со ваква приземна политика спротивна на интересите на граѓаните“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош ќе ги награди училиштата што имаат најдобро уреден екодвор

Советниците на Општина Карпош го изгласаа предлог-решението за формирање комисија за избор на награди за најдобро уреден екоучилиштен двор за 2023 година. Оттука, наградените училишта ќе добијат финансиски средства во висина од 70.000 денари за прво место и 50.000 денари за второ.
Беше усвоена и предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општината во областа на образованието за 2023 година. Поконкретно, се дополнуваат проектните активности со додавање на новата 16-та точка, со која се ослободуваат учениците (деца на бранители) од плаќање месечен надоместок за ужина/топол оброк. Станува збор за основците (деца на бранители), кои учат во општинските училишта на територијата на општина Карпош. Следствено на ова, Секторот за дејности од јавен интерес ќе ја достави оваа одлука до општинските основни училишта во Карпош со цел таа да биде реализирана преку училишните одбори. Училиштата, пак, треба да достават до локалната самоуправа и до правните лица што го подготвуваат топлиот оброк/ужина – список на ученици чии родители се бранители. Потоа правните лица ќе изработат месечни фактури кон Општина Карпош за реализираните топли оброци/ужини. За оваа намена, локалната самоуправа од Карпош во рамките на својот буџет предвиде финансиска рамка во висина од 200.000 денари.
Македонија
Тренчевска: Задоволните вработени ја создаваат успешната приказна на врвните компании

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска заедно со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, ја посети компанијата „Вивакс“. Целта на посетата е согледување на реалната слика на терен во однос на задоволството на работниците.
Компанијата „Вивакс“ е отворена уште од 1994 година и претставува една успешна приказна за производство на висококвалитетни македонски производи. Ова е една од компаниите што досега не искористила финансиска поддршка за исплата на плати. Според сопствениците на компанијата, работниците се на прво место и во таа насока е и почитувањето на законското решение недела да биде ден за одмор.
За време на посетата беше објаснет и работниот процес на присутните и беше посочено дека во оваа компанија е запазена и родовата еднаквост. На поголем дел од раководните позиции се токму жени.
По направениот увид во делот во кој се извршуваат работните процеси во компанијата, беше одржана неформална средба со основачот на компанијата, Димитар Јосифовски, и сегашното раководство, Тања Атанасова и Ристо Јосифовски.
Македонија
Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен Таравари. По дефинирањето на програмските определби, се привршува и со другите отворени прашања.
„Сè уште нема дефинитивна одлука. Има реални шанси денес или утре да се заврши“, вели Таравари за „Макфакс“.
Засега, иако неофицијално, извесно е кои две министерства ќе им припаднат на кадри од Алијансата за Албанците. Тоа се Министерството за здравство, со кое моментно раководи Алтернативата, и Министерството за правда, со кое моментно раководи кадар на СДСМ.
Извесно е дека Таравари и неговата партија ќе добијат и директорски места во повеќе институции.
Маја Терзиова