Контакт

Политика

ВМРО-НП: Во Штип треба да се постави спомен плоча на загинатите бугарски војници

Објавено пред

ВМРО-Народна партија жали што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ продолжува да одбележува настани од историјата поврзани со Балканските војни и Првата светска војна, кои во сеќавањата на македонскиот народ се паметат како најцрн период произлезен од жестоката големосрпска окупација, насилна асимилација и колонизација, велат од партијата.

dobivaj vesti na viber

„Деновиве бевме сведоци на брутален акт врз чувствата на македонските граѓани, предизвикан со поставувањето на спомен плоча во Штип, на загинатите српски окупаторски војници во Брегалничката битка во 1913 година. Историски е познато дека  ова е период на манифестација на најцврстото заедништво меѓу левицата, десницата и сите граѓани кои доброволно се бореа на страната на бугарската војска, сплотени во одбрана на слободата, територијата, јазикот и идентитетот од големосрпските аспирации“, велат од ВМРО-НП.

„Ова е и голем срам за градот Штип, затоа што поставувањето на оваа спомен плоча, претставува крајно понижување и омаловажување на големите лидери на ВМРО, Тодор Александров и Ванчо Михајлов, родени токму во Штип, кои безмалку еден век беа на чело на историското ВМРО и имаат голем придонес за зацврстување на идејата и борбата за конечно остварување на вековниот сон на македонскиот народ за сопствена држава. Заради сево ова граѓаните на Штип и околината беа цел на белиот терор на српските џандари и жртви на најгрозоморните ѕверства во време на српската окупација. ВМРО-Народна партија потсетува дека оваа историографија им беше позната и на македонските комунисти кои важеа за големи југословени и србомани, меѓутоа никогаш не посегнаа толку длабоко навредливо во чувствата на македонските граѓани, како што тоа денес го прави владеачката партија на која тоа воопшто не и прилега“, стои во соопштението од партијата.

Од ВМРО-Народна партија уште еднаш потсетуваат дека комплетната десница и левица, на кои им се придружија сите живи илинденци, се бореа во редовите на бугарската армија за време на Балканските војни и Првата светска војна и дека импресивна беше бројноста на доброволците организирани во Ополченски полкови од кои се формира дивизија  од над 15 илјади борци.

„Ваквото успешно воено организирање врз доброволна основа беше масовно подржано од севкупното население и претставуваше значајна логистичка подршка. Заради ова сметаме дека е далеку поприфатливо да се постави спомен плоча на загинатите бугарски војници во чии редови македонците беа најмногубројни.  Но хуманиот аспект кој денес преовладува во светот, налага подеднаква почит на сите жртви од војните и затоа до колку сакаме да бидеме преведни треба тоа да се направи со една заедничка спомен плоча за сите загинати војници“, порачуваат од ВМРО-НП./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

„Мерцедес“ се заби во група пешаци во Штутгард

Автомобил „мерцедес“ денеска удри во група луѓе на пешачки премин во центарот на Штутгарт, Германија, при што се повредени неколку...

Македонија10 часа

Ахмети вели дека ако излезе на улица нема враќање назад, „Вреди“ со коментар дека улицата е на народот, а не на милионерите

Можно е симпатизерите на ДУИ да излезат на улица, вели Али Ахмети, поради случајот со ексминистерот, Крешник Бектеши, кој се...

Свет14 часа

Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Русија и Украина

САД повеќе нема да посредуваат во мировните преговори меѓу Украина и Русија откога Владимир Путин одби да се согласи на...

Регион15 часа

Караџов за Коридорот 8: Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, каде е да го потпише договорот

Имам чувство дека Николоски раскажува македонски приказни пред спиење, коментира вицепремиерот и министер за транспорт, Гроздан Караџов, во врска со...

Македонија15 часа

Мицкоски: Јавниот и државниот долг најниски во последните 5 години

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на нивото на јавниот и на државниот долг и очекувањата...

Македонија16 часа

 Скопската ЗОО од утре може да биде затворена, вработените од вчера се и без здравствено осигурување, а плата немаат 45 дена

Доколку не им биде исплатена платата за март на вработените, веројатно скопската Зоолошка градина од утре ќе биде затворена за...

Македонија17 часа

Осум пациенти се враќаат од лекување од Турција, Бугарија и од Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18

Министерството за здравство информира дека денеска уште осум пациенти од повредените во трагедијата во Кочани се враќаат од лекување, од...

Македонија17 часа

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест: „Молчењето нѐ донесе под минималецот“

Независниот синдикат на полицијата со најава за полициски протест. „Како што ветивме после првомајската парада, на 2 Мај го најавуваме...

Свет19 часа

Разузнавачките служби: Целите на Путин се променија

Нови разузнавачки информации споделени од американски и западни претставници сугерираат дека рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус...

Македонија20 часа

Македонија со пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите

Падот на Македонија за шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“,...

Свет20 часа

Венс: Војната во Украина нема да заврши набргу

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс вчера за „Фокс њуз“ изјави дека војната во Украина нема да заврши набргу, а американскиот државен...

Македонија21 час

Субвенции за струја за ранливи домаќинства: обработени 745 апликации, следува исплата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги финализира административните проверки на апликациите пристигнати по јавниот оглас за финансиска поддршка...

Свет21 час

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот...

Топ1 ден

Исчезнатиот рибар кај Злетовска Река најден мртов

Пронајден е починат исчезнатиот рибар Кире Павлов од Пробиштип. Неговото исчезнување во полицијата го пријавил Благој Стојанов од истиот град кој...

Топ1 ден

МВР трага по осумгодишно момче кое исчезнало во Скопје

Осумгодишниот А.Џ., кој имал здравствени проблеми се оддалечил од местото каде што престокувал со својот татко. За случајот, полицијата во...

Свет1 ден

Зеленски: Договорот за минералите е прв резултат од мојата средба со Трамп во Ватикан

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го нарече историски договорот за минерали меѓу САД и Украина. „Ова е првиот опиплив исход...

Македонија2 дена

Владата: Сметки од услугите од бифињата, СДСМ ги прикажува како трошоци за ручеци на министри

Владата во целост ги демантира, како што ги нарекува, лажните и манипулативни наводи на партијата СДСМ за сметките. Според Владата,...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот: Денеска го славиме 1 Мај – Меѓународниот...

Македонија2 дена

„Платите во Македонија се мизерни“ – синдикалците побараа минимална плата од 500 евра

Платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат онака како што е предвидено со колективните договори. Сојузот на синдикати на Македонија...

Македонија2 дена

(Видео) Власта за четири месеци потрошила 30.000 евра на јадење по ресторани, вели Кузеска од СДСМ

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека во држава каде што работниците бројат денови до платата, министри од ВМРО-ДПМНЕ трошат...