Контакт

Политика

Заев: Ако Уставен го укине СЈО, ќе ги повикаме граѓаните да ја земат правдата во свои раце

Објавено пред

Ако се дрзне Уставниот суд да го укине Специјалното јавно обвинителство (СЈО)за дела произлезени од нелегално прислушуваните телефонски разговори, граѓаните и со наш повик правдата да ја бараат во свои раце и тие ќе одлучуваат за правдата во Република Македонија, порача во вторникот Зоран Заев, челникот на најголемата опозициска партија СДСМ.

dobivaj vesti na viber

На почетокот од средбата со новинарите, Заев, беше прашан да ја коментира ситуацијата откако од вторникот на сила стапи суспендирањето на одлуките на дополнителните министрите кои СДСМ ги предложи во владата до одржувањето на предвремените парламентарни избори.

„Прво, двајцата министри отвораат правна постапка за оспорување на ваквата одлука пред надлежните институции, се надевам дека има основ за кривични пријави. Ако има основ, правните тимови тоа ќе го потврдат, покрај правните постапки, по жалбената постапка за поништување на оваа одлука ќе се отворат и кривични пријави. И јавно ги охрабрувам, доколку некој го прекршил законот, носејќи ја ваквата одлука, па дури тоа да било и Влада на Република Македонија треба кривично да одговара, за помен и паметење на сите генерации – како не треба. Ние сме убедени дека оваа одлука е незаконска, целата јавност не мора да биде нешто посебно правно подготвена за да знае, дека оваа одлука на Владата е незаконска. Истовремено уште еднаш потенцираме дека ова го нема никаде во светот и ниту една Влада не преземала ваков чекор за поништување одлуки коишто се решенија на самите министерства, коишто доаѓаат и до апсурдност, станува збор и за решенија, на пример, за породилно отсуство или враќање од породилно отсуство, како што е решение за награди на припадниците на специјалните единици коишто ги чуваат граничните премини, ја менаџираа бегалската криза, како што е наградувањето на граничните премини, каде што се нашите полицајци, исто 35 решенија на г-динот Митко Чавков коишто ги потпишал пред доаѓањето на Оливер Спасовски и уште еден куп други решенија за коишто брзајќи најверојатно, не проверувајќи го дури и законот, на купче, Владата донела одлука на основа на неовластен предлагач. Согласно тоа, Оливер Спасовски е должен по законот, од она што го знам од правните тимови, да им соопшти на сите раководители да не постапуваат по таа одлука. Јас се надевам дека не постапувањето по ваквата одлука ќе ги остави состојбите во статус кво и понатаму постапките, пред надлежните институции по жалба коишто се отворени и од Оливер Спасовски и од Фросина Ременски и ќе дадат плод преку уште една потврда за незаконитото работење на Владата на Република Македонија“, одговори Заев.

На прашањето дали власта е сепак решена да оди на избори на 5-ти јуни, Заев одговори дека СДСМ може да одговора за своите постапки, и го обвини челникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека „управува со институциите“.

„Не е дека не очекувам дека една од варијантите што се поприлично извесни е токму таа. Ние знаеме како ние ќе се позиционираме, уште еднаш потенцирам стоејќи докрај дека не постои алтернатива на Договорот од Пржино, ние сме во Државната изборна комисија и очите во моментов се вперени таму. Во ДИК процесот привршува, ако на 15-ти се распишат изборите, 16-ти е датумот согласно член 43, став 3, според којшто се заокружува прочистувањето на Избирачкиот список, натаму се доставува до статистика заради адресното прераспоредување, на 25-ти тече јавниот увид, и така натаму по Роковникот. ДИК, очекуваме да го прочисти Избирачкиот список, тоа не е заради тоа што Заев го бара, тоа е заради тоа што дадовме потпис на Договорот од Пржино сите, тоа се дел од минимум условите коишто мора да бидат исполнети. На крајот на денот, само на тој начин преку прочистен Избирачки список, граѓаните ќе имаат доверба во Избирачкиот список којшто е гаранција за регуларноста на изборите. Убедени сме дека согласно постапките коишто ДИК ги води по закон и методологија, ниту 16-ти, ниту 19-ти, ниту 20-ти, не се доволни за прочистување на Избирачкиот список од проста причина што се веќе јасни чекорите, што значи теренската проверка, колку време им треба, што значи административното проверување, што значи методологијата и постапувањето после административното распоредување, 124.000 коишто се утврдени како сомнителни не се проверени, мора да бидат проверени, и алатката за бришење на сите оние коишто беше утврдено дека по закон не треба да останат на Избирачкиот список. Процесот е јасен, драго ми е што одат јавни седници на ДИК заради транспарентноста. Се додека не се прочисти Избирачкиот список, ниту опозицијата, ниту кој било во Македонија, не треба да учествува. Во тоа име ги повикувам и дел од владејачките партии, во името на Македонија и во името на законот и Уставот на Република Македонија, да ја напуштат оваа владејачка коалиција и да се приклучат на страната на Македонија. Тие постојат заради граѓаните на нашата Македонија“, појасни Заев.

Лидерот на социјалдемократите беше прашан и за неговата комуникација со претставниците на меѓународната заедница во земјава, и дали има сознанија за нивните оцени на одлуката да се бојкотираат парламентарните избори доколку бидат распишани 15-ти април

„Меѓународната заедница со своите ставови е јавно присутна. Тие кажаа дека Македонија испуштила шанса на 6-ти да ги исполни минимум условите за организирање фер и демократски избори. Појасно здравје. И впрочем тие се гарантори на Договорот од Пржино. Впрочем тие се истите луѓе што дадоа свои проценки за исполнување на условите. Граѓаните на Македонија ги знаат условите коишто се и дали се исполнети или не. Така да, меѓународната заедница не може да биде поинаква без разлика кој и да се надева на тоа. Европа мора да се залага за европски вредности, САД за универзалните вредности. Принципите се принципи и не можат ништо друго да направат освен да опстојат на принципите. Минимум услови од Договорот од Пржино се: прочистен Избирачки список, реформи во медиумите и разграничување на партијата од државата. Реформите во судството, тајните служби и другите институции одлучивме после изборите, но оние услови коишто имаат директен импакт врз изборите се нешто што минимум мора да го завршиме сите“, одговори Заев.

Тој рече дека СДСМ не го споменува терминот „бојкот“, одговарајќи на новинарското прашање дали претходниот негов одговор значи дека доколку се одржат изборите на 5-ти јуни престанува да важи Договорот од Пржино и дека дефинитивно најголемата опозициска партија ќе ги бојкотира изборите на посочениот датум.

„СДСМ не го споменува зборот бојкот. Ние велиме дека нема да учествуваме на избори без исполнување на минимум условите. Ние уште еднаш нагласуваме, немаме намера на телевизија да ги гледаме тие избори. Оваа борба, принципиелена, со проектот Вистината за Македонија, не ја отвориме за на крај на телевизија да гледаме како владејачките партии еднострано учествуваат во нив. Тоа не е закана, тоа е решителност да се справиме со секој кој ја загрозува иднината на Република Македонија. Од тука, остануваме конструктивен партнер и за власта и за меѓународната заедница, а најмногу на граѓаните на Република Македонија. Ставот е јасен – не учествуваме на такви избори. `Не гледате во ДИК? `Не гледате заробени во министерствата? Принципиелно до крај ќе се бориме да има живот во Договорот од Пржино, заради тоа што не постои алтернатива. Ние до крај ќе се бориме Договорот од Пржино да биде жив и согласно тоа Македонија да го добие фер начинот и патот по којшто ќе дојде до стабилност и гаранција за нејзината демократска иднина. Тоа е исклучиво преку регуларни, фер и демократски избори“, објасни Заев.

Една од варијантите, како што рече Заев, коишто ги разгледува доколку наводно Уставниот суд ќе ја презема иницијативата да го укине СЈО, е да продолжи со ткн објавување на „бомбите“.

Притоа додаде дека во врска со тоа дали кај него останале материјали од прислушуваните разговори „Сé што имавме ние предадовме чесно и тоа неколку пати го кажав. Делегирањето доверба во независните институции ДИК и СЈО го покажавме на дело. Проблемот е што тајните служби на Сашо Мијалков и ВМРО ДПМНЕ не ги доставиле материјалите па при секакви претреси излегуваат од сите страни. Ние нашето го завршивме. Но ред е, ако СЈО биде укинато – тие материјали кај да одат, кај Зврлевски? Јован Илиевски? Сашо Мијалков? Тие треба да се вратат во СДСМ. Најстрашното не е тоа СДСМ да ги врати материјалите. Ако се дрзне Уставниот суд да го укине СЈО, граѓаните и со наш повик правдата да ја бараат во свои раце. И тие ќе одлучуваат за правдата во Република Македонија“.

„Протестите се една од работите коишто не ни бегаат. Така да протести ќе има доста во Македонија доколку не се вразуми оваа власт и не се врати на нормативите и принципите зад коишто ставиле потпис, постигнале договор, гласале закони во Парламентот. Секако протестите се една од можностите коишто ни стојат, ќе повикаме на протести и протестите ќе бидат уште помасовни и секако ќе ја постигнат својата цел. Македонија мора да биде нормална земја. Опозицијата нема намера да се откаже од тоа. Посебно сме охрабрени, изразуваме респект кон сите овие партии со коишто апсолутно СДСМ со дел од нив немаше никакви контакти. Опстојуваат зошто премногу аргументи и факти се на маса, бегање од тоа нема. Единствениот пат по којшто мора да се движи Македонија е кон извесна иднина, преку регуларни, фер и демократски избори“, одговори Заев на прашањето околу пишувањето на дел од медиумите дека СДСМ на 24-ти месецов ќе ја „бара правдата на улица“ преку протести.

Заев притоа го повика меѓународниот фактор, како што рече „Ако нема намера да се изјасни, го повикувам да се изјасни“.

„Европа не може да молчи, САД не можат да молчат. Точно е, опозиционите кругови зборуваат зошто е ова затишје од меѓународната заедница. Тие имаат свои чеда овде во Македонија, преку Пржино Договорот и одредени институции. Зборувам чеда заради тоа што пријателски, искрено се трудеа да и помогнат на Македонија и тие мора да зборуваат, мора да ги соопштат своите ставови за да се знае што е принцип, што е потпишано, што е исполнето, што не е исполнето. Согласно тоа најпријателски ги повикувам да ги соопштат своите ставови во поглед на оваа ситуација во Македонија иако поприлично досега ги кажаа – на 6-ти април Македонија пропушти да ги исполни условите за регуларни избори. Тоа е последниот став на меѓународната заедница, барем јас оној што го имам слушнато“, порача Заев.

Тој беше запрашан и каква ќе биде реакцијата на СДСМ, доколку другите три партии потписници на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА учествуваат на изборите

„Мислите на власта? Ако власта учествува тоа се еднострани избори на коишто учествува само власта. Јас се надевам дека господинот Мендух Тачи и ДПА ќе се позиционираат таму каде што припаѓаат во општеството, а тоа е опозиција и секако ќе ја извршат својата улога како опозициона партија. Тоа не е некаков повик или некакво укажување или упатство. Тие знаат за што зборуваме, тие ставија свој потпис на Договорот од Пржино, тие знаат што значи прочистен Избирачки список, го чувствуваа на своја глава во Зајас и во Кичево, не го чувствуваше само Заев во Струмица, во Битола или во Штип, и Куманово и во Скопје. Секој од нас знае колку е насушна потребата од чист Избирачки список и реформи во медиумите“, одговори лидерот на СДСМ./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ18 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија20 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија21 час

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија21 час

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија21 час

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија22 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија22 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија22 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија24 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа2 дена

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...