Контакт

Политика

Заев бара избори на есен

Објавено пред

Пратениците на СДСМ нема да учествуваат во работата на Собранието, се додека Уставниот суд не се изјасни за уставноста на институцијата Специјално јавно обвинителство, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес –конференција во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Според него, сите рокови се пробиени. „Трпението на граѓаните е при крај. Политичката криза треба побрзо да заврши. Уставниот суд мора веднаш да се изјасни за уставноста на институцијата  СЈО. Недозволиво е повеќе од 8 месеци да трае незивесноста. Додка не се изјасни Уставниот суд, пратениците од  СДСМ нема да учествуаат во работата на Собранието“, рече Заев.Лидерот на СДСМ порача дека сите политички партии треба да докажат дека ја поддржуваат работата на СЈО, што според него е особено важно по вчерашното обраќање на Претседателот Ѓорге Иванов.Заев ретерираше од својата претходна изјава на истата прес-конференција и појасни дека не излегуваат од Собранието, туку само ја замрзнуваат работата во пленумот и комисиите, бидејќи, според нив, е индикативно Судот да не одлучува и по 8 месеци откако е поднесена иницијатива за уставноста на СЈО, ако се имало во предвид дека за иницијативи на власта решаваат и за три дена.Заев побара и вклученост на граѓаните во преговарачкиот процес и побара да прекине прогонот на граѓаните што протестираат.„Ако имаат докази дека се спрема граѓанска војна нека ги објават. Тој е должен јавно да ги објави тие докази дека странски разузнавачки служби спремаат војна, а ако не, веднаш нека си поднесе оставка“, рече Заев осврнувајчи се на вчерашниот говор на Иванов и додаде дека е страотно тој да ја споменува армијата во овој контекст.„Бараме брзи изброи и разрешница на кризата. Минимум условите мора да бидат исполнети. Прочистувањето на Избирачкиот список мора да биде направено и реформите во медиумите мора да се исполнат“, додаде Заев. Одговарајќи на новинарско прашање дали сепак  ќе се стигне до регуларни избори што треба да се одржат во 2018 година, тој рече дека (ВМРО-ДПМНЕ) „може да сонуваат за 2018 година“. „Па ова не го правевме за да издржиме до 2018 година. Оваа е криминална власт и час поскоро треба да заминат. Ајде есенва да одиме на избори. Полн легитимитет на победникот може да донесе стабилна влада. Нели се фалат дека водат од анкетите, зошто бегаат од избори. Знаат дека ако се случат избори колони народ ќе чекаат да гласаат за да замине Никола Груевски. Тоа го знае и Никола Груевски и Али Ахмети. Го повикувам него да преземе чекори“, рече Заев.За повлекување на неговата аболиција за случајот со градскиот пазар во Струмица и трговскиот „Глобал“, Заев рече дека се работи за политички монтиран процес. „Процес што беше награден како најдобра пракса за јавно приватно партнерство… Му укажувам да ја повлече како и сите други што ги повлече, ако тоа му го дозволува законот. Јас да се бламирам немам намери“, додаде тој. За предлозите на СДСМ за прочистување на Избирачкиот список рече дека во моментот има и Работна група во ДИК. „Граѓаните мора да веруваат дека со својот глас ќе влијаат на изборите. 71.000 граѓани коишто 10 години или во десетте бази воопшто не се појавуваат. Во 25 години никојпат не поднеле барање за лична карта или пасош. 123.000 граѓани кои беа намалени на 107.600 граѓани коишто последната година не се појавуваат во ниту една база. Треба да се стават во втор дел на Избирачкиот список. Тие ќе бираат каде ќе гласаат, дали во земјите каде што живеат или овде. Никој не ги брише. 176.000 со постојните 180.000 ќе имаме 350.000 дијаспора. Ако некој не се смета за дијаспора ќе се пријави овде. Најважно е тие 42.000 што не ги нашле дома, да се пријават. Ако не се пријават, ќе се бришат. Ако некој го има, нека се пријави со валиден личен документ и ќе биде впишан. Никој не смее да го злоупотребува нивниот глас“, рече Заев. Појасни дека битни се реформите во медиумите кои се важна алатка, а додаде дека немаат намера да воведуваат цензура, туку имаат намера да ги професиноализираат државните институции, МРТВ и Советот на Агенцијата за аудиовизулени комуникации./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Европската Унија подготвува 19-ти пакет санкции против Русија, бидејќи Москва продолжува да ги отфрла повиците за прекин на огнот во...

Топ3 часа

Уапсени двајца мажи од Росоман, му се заканувале на градоначалникот на Кавадарци

Денеска по полноќ, во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33)...

Топ3 часа

Скопјанец почина на Клинички откога бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај...

Топ3 часа

Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената...

Регион5 часа

(Видео) Густ чад го обвива Петровац, сцените од плажата се морничави: Црна Гора сè уште се бори со пожарот

Црна Гора сè уште се бори со пожарот, иако ситуацијата во Чањ и во Буљарица се чинеше дека се смирува,...

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја...

Македонија5 часа

(Видео) „Како со лекарска плата Венко стигна до луксузно пловење“, прашува Лефков

„Чија е јахтата на која уживаат Филипче и Заев и со чии пари е платена, како со лекарска плата Венко...

Македонија6 часа

Директорката на гимназијата во Демир Хисар на информативен разговор во полиција

Директорката на Гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска се јави на информативен разговор во полициската станица во Демир Хисар....

Регион7 часа

(Видео) Пожари беснеат во Буљарица и Чањ, пожарникарите се борат со силниот ветер и густиот чад

Црна Гора за кусо време беше погодена од катастрофални пожари, од кои најкритични беа во Чањ, Буљарица и недалеку од...

Македонија7 часа

Патот Брезница – Македонски Брод целосно затворен поради пожар

Поради пожар, утрово целосно е затворен за сообраќај патниот правец од Брезница, преку Националниот парк Јасен, до Македонски Брод. Според...

Македонија8 часа

23,7 отсто од младите во земјата ниту учат ниту работат – „Хера“ со порака до кандидатите за градоначалници

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во...

Топ8 часа

Обид за убиство во Виница: маж избоден четирипати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32)...

Свет9 часа

(Видео) Рекорден топлотен бран во Европа – во Италија почина четиригодишно дете

Во топлoтниот бран, кој вчера ја зафати Европа, едно дете почина од топлотен удар во Италија, шумските пожари се му...

Македонија10 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет години нема ниедно обвинение, ниеден обвинет, ниедно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење...

Свет10 часа

Трамп: Ќе се обидам да вратам дел од територијата на Украина, за танго се потребни двајца

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Белата куќа дека неговата средба со Владимир Путин ќе биде „разговор за да...

Забава11 часа

(Видео) „Јадранскиот Титаник“ потонал пред 111 години: денес е атракција за нуркачите во близина на омиленото место на Тито

Некогаш најубавиот брод на австриската компанија Österreichischer Lloyd – елегантен, брз и луксузен – лежи веќе 111 години на дното...

Македонија11 часа

Сончево и многу топло, максималната температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија21 час

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија21 час

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија1 ден

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....