Контакт

Политика

Заев: Избори на 24 април нема да се случат

Објавено пред

Поради проста математика и немањето законски утврдено време од 85 до 90 дена за прочистување на Избирачкиот список, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тврди дека на предвидениот датум за предвремени парламентарни избори 24 април, тие не се можни.

dobivaj vesti na viber

„Избори на 24 април нема да се одржат. СДСМ е доволно силен и моќен после овие отворени процеси, пред се „Вистината за Македонија“, да не бидеме само нем посматрач на едностраните одлуки на владејачките партии. Ние немаме намера на телевизија да гледаме еднострано организирање избори. За да има избори, мора да има избор. Не може само владејачките партии да тргнат на избори “, рече Заев на прес-конференција.Потврди дека СДСМ, коалициските партнери и многу други партии  нема да учествуваат на еднострано закажани избори на 24 април. „Договорот од Пржино беше склучен да се надмине политичката криза, а не да се продлабочи. Сега, секој граѓанин на Македонија, лично се увери дека Никола Груевски не сака слободни и фер, демократски избори, затоа што знае дека ќе ги загуби. Тоа се вистинските причини поради кои Груевски не сака прочистен избирачки список и слободни медиуми“, вели Заев.Пресмета дека евентуален прв можен датум за одржување избори е 5 јуни, ако проверката на Избирачкиот список заврши на 15 април, плус 50 дена (40 за јавен увид 10 дена печатење на избирачкиот список), се доаѓа до тој датум, ако пак заврши проверката на 15 мај, можен датум би бил 5 јули.Според него, за прочистување на избирачкиот список потребно е да се направи статистичко-историско проверување, значи споредување на претходните со новите, споредување на 10 бази на податоци со избирачкиот список, теренска проверка и евентуално бришење на сите недозволиви податоци коишто се во избирачкиот список. За да има теренска проверка треба да завршат претходните две фази, а за да се почне со проверка на терен треба да има медиумска кампања за да се известат граѓаните дека теренски ќе се прочистува списокот, мора да бидат обучени претставниците на ДИК, администрацијата и претставниците на политичките партии за чување на личните податоци.„ДИК е надлежна, ниту Груевски, ниту Заев, ниту Али Ахмети, ниту Тачи. ДИК е независната институција која ја избравме заедно сите. Таа е таа којашто ќе каже кога е неопходното време потребно или кога завршува тоа време за прочистување на избирачкиот список… Треба да престанат и Заев и Груевски да лицитираат со датумот за избори. ДИК е таа која има за прв пат независни експерти и е токму таа  која што ќе каже точен термин до кога ќе го заврши прочистување  на избирачкиот список и согласно тоа после можеме да седнеме да го проектираме датумот за избори или тоа да го направи ДИК“, додаде тој.Рече дека методологијата предложена од ДИК ќе ја прифатат и дека се подготвени да се откажат од сите нивни сугестии. „Тоа значи  дека партијата добро проценила што со ваква методологија ќе постигнеме, тоа е сосема доволно“, рече Заев, кој дополни дека мора да се обезбеди список на оние кои ќе гласаат во странство во дипломатските претставништва или пак ќе гласаат дома и секако да се избришат сите фантомски гласачи коишто ги има во избирачкиот список, а со теренска проверка, ќе се постигне целата.Праша, како мисли Груевски да излезе и да каже дека ќе одиме на избори со 1.800.000 гласачи, кога се знае дека има помалку од 1.600.000 жители, кога се знае дека има 380.000 се средношколци со ненавршени 18 години.  „Секако треба состојбите во медиумите да бидат разрешени. Да се прифати предлогот на меѓународната заедница којшто е ставен на маса и овде  сме спремни нашите забелешки и сугестии да ги повлечеме и конечно  да имаме договор“, рече Заев.   Прашан за одлуките на Управниот суд кој донесе времена мерка да ги замрзне решенијата коишто се веќе донесени од двајцата министри на СДСМ, Оливер Спасовски за внатрешни и Фросина Ременска за труд и социјала, рече дека тоа значи  дека нема пресуди за поништување решенија и за враќање на претходно поставените. „Ги охрабрувам министрите да си го земат министерството под контрола. Власта не знае поинаку освен со политички конфронтации, злоупотребувајќи ги сите институции. Спасовски и Фросина ееменски се министри со целосни права врз ресорите коишто ги водат. Само на тој начин ќе ја исполнат функцијата за која се таму, а тоа е да бидат контрола на власта и да не дозволат нови злоупотреби“, додаде Заев.Во коментар за понатамошното појавување на Груевски на отворање и најавување странски инвестиции, Заев рече дека ќе му било полесно на Никола Груевски ако одамна си ја дадел оставката и да се повлечел од сите политички функции. „Не знам што би можел да прави човекот, освен лопати, камен-темелници и секако горчливиот факт уште нови 74.000 пред се млади луѓе, да ја напуштат Македонија. Тоа е резултатот од неговото работење“, рече Заев.За справувањето со мигрантската криза рече дека сите дома и во меѓународната заедница, Европската унија добро знаат дека само стабилна земја Македонија, може да биде  добар партнер во заедничкото справување со кризата.„А стабилна Македонија дека може да се случи само со СДСМ и промена на оваа власт. Секое семејство во Македонија да прими по десет бегалци не е решение за кризата,а  не да твораат кампови во Македонија“, рече Заев./крај/мф/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет43 минути

Клинтонови сепак ќе сведочат за Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа50 минути

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет1 час

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет1 час

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија2 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија15 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија16 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија17 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија17 часа

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија17 часа

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија17 часа

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...

Македонија18 часа

Владин претставник не дојде во ССМ за зголемување на минималецот: Бегаат од одговорноста како што бегаа цела 2025 година, вели Трендафилов

Со објава на социјалните мрежи утрово претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов извести дека владин претставник...

Свет22 часа

(Видео) Идентификувани агентите кои го убија Алекс Прети

Владини документи ги открија идентитетите на двајцата федерални полицајци кои го застрелаа и убија Алекс Прети во Минеаполис. Станува збор...

Свет23 часа

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет1 ден

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет1 ден

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет1 ден

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет1 ден

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија1 ден

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...