Контакт

Политика

Заев ја претстави изборната програма на СДСМ и најави финална битка

Објавено пред

Денеска застанувам пред вас и ве повикувам во финалната битка за враќање на слободата, демократијата, правдата и економската перспектива за сите граѓани на нашата Македонија, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев, во обраќањето на отворањето на 19 програмски конгрес.

dobivaj vesti na viber

 

 

Тој рече дека во Македонија треба и мора да се случат промени и дека тоа е незапирлив процес.

 

„Време е за промени! Крајно време е за слобода и демократија! Крајно време е за единство и еднаквост! Крајно време е да им ја вратиме украдената држава на граѓаните“, повика Заев.

 

Според претседателот на СДСМ, власта намерно го одолговлекува преговарачкиот процес, со единствена цел, да дојде до уште едни, како што рече, криминални избори. 

 

„Кражба на уште едни избори нема да има… Неопходен е беспрекорен предизборен и изборен процес. Нема бегање од Договорот од Пржино“, истакна Заев.

 

Тој укажа дека СДСМ заедно со коалициските партнери се подготвува за чист изборен процес на којшто ќе биде изразена слободната волја на граѓаните.

 

„Работиме на создавање услови за фер избори, однесувајќи се трпеливо и грижливо кон  својата земја“, рече Заев, при тоа додавајќи дека ќе ги преземат сите потребни чекори ако некој застане на патот на интересите на граѓаните и на Република Македонија.

 

Според него, нема да дозволат она што досега го направиле, да падне во вода.

 

„Зарем некој сè уште се надева дека ќе дозволиме преку купување време да дојдат изборите, а да нема навремено регулирани медиуми, преку купување време да дојде датумот за избори, а да нема навремено оформено нов состав на ДИК, зарем некој сè уште се надева дека токму сега на крајот ќе дозволиме преку купување време да дојде 24 април, а да не е навремено завршено прочистувањето на избирачкиот список?“, праша Заев.

 

Тој додаде дека избори ќе има само и единствено кога ќе бидат исполнети сите предуслови за кристално чисти избори.

 

Заев ја обвини актуелната власт дека сонува за нов почеток, но не за граѓаните туку, како што рече, за себе, за нови парцели на Водно, мерцедеси, богатства…

 

Ја обвини власта и за сиромаштијата, за блокираните сметки на секоја трета фирма, како и за затворените фирми, за загадувањето на воздухот, за лошата состојба во здравството, во образованието, за заминувањето на младите луѓе од земјата…

 

„Еве затоа Специјалното обвинителство има толку многу работа. Нема веќе Јанкулоска на Зврлевски, па: ‘Види, вака-така, отфрли ја пријавата’. Можат да продолжат да сонуваат за својот нов почеток, но дојден е нивниот крај. Оваа власт одзеде 10 години живот на граѓаните на Македонија. Оваа криминална власт, за ова што го стори, ќе одговара“, порача Заев.

 

Претставувајќи ја Програмата, рече дека та е дело на програмскиот тим на партијата, комисиите на партијата, заедно со внатрешни членови, но земени се предвид и мислења, сугестии, предлози од надворешни соработници, граѓани, стручната јавност, невладиниот сектор и од интелектуалците.

 

„Нашата клучна цел е Македонија да биде земја со бројна и економски стабилна средна класа, не општество на мала група многу богати и мнозинство сиромашни граѓани! Стабилната средна класа ќе биде гарант и носител на демократска и слободна Република Македонија“, рече Заев.

 

Според него, за време на оваа власт, Македонија стана држава со најголема социјална раслоеност во Европа. 

 

„Со политиките на Груевски и кумот Ставрески, доходот се слева кон мала група луѓе во власта што се богати, а осиромашуваат сите останати. Ставаме крај на овој начин на владеење и почнуваме обнова на Македонија! Парите ќе ги вратиме на граѓаните! Ќе ги вратиме среќата и достоинството на сите граѓани на нашата Македонија“, нагласи Заев.

 

Потсети дека општеството ќе го постават на пет столбови.

 

„Со нив, ќе ги застанеме луѓето на нозе, ќе ја обезбедиме нивната егзистенција, ќе ја стабилизираме економијата. Таму каде што има економска сигурност, таму има борба за демократија и слобода“, рече Заев.

 

Најави одговорно владеење, транспарентност во трошењето на јавните пари, стручност и искуство при вработувањето, реорганизација каде што има превработеност во администрацијата.

 

Потоа уште најави и флексибилно работно време и институции отворени до 20 часот, уставни измени за исклучување на министерот за правда од Судскиот совет, законска основа со јасни критериуми за избор и напредување на судиите, намалување на судските такси, вистинска бесплатна правна помош за ранливите категории граѓани.

 

„Две години по преземањето на власта, ќе создадеме правен основ јавниот обвинител на Република Македонија да се избира по предлог на опозицијата. Нема повеќе МВРО-МВР, полицијата ќе бидат ‘сервис на граѓаните’. Видовте како почнавме да работиме. Ќе го вратиме полицаецот – позорникар, нашиот пријател во маалото“, најави Заев.

 

Тој уште рече дека ќе го подобрат стандардот на и квалитетот на животот на припадниците на МВР така што ќе ги распоредат според местото на живеење, ќе ја укинат радиодифузната такса, ќе ја вратат евтината тарифа на струјата, ќе создадат услови за слободна работа на медиумите.

 

„Ќе воведеме праведен даночен систем. Ќе го укинеме рамниот данок на ВМРО-ДПМНЕ со којшто сите граѓани плаќаат данок на доход по иста даночна стапка без разлика колкави се нивните плати, пензии и останати приходи“, рече Заев.

 

Лидерот на СДСМ најави дека ќе воведат програми за извлекување од сиромаштијата, реформи на социјалниот систем, заштита на секое дете, преку професионализација на улогата на згрижувачките семејства, еднакви родителски права по разводот, помош од државата за семејствата со еден родител, покрив за бездомните лица, гонење на сите насилници во семејствата и заштита на жртвите.

 

„Ќе се посветиме на развој на домашните мали и средни претпријатија и ќе ја зголемиме драстично државната помош за нив од 200 илјади евра, на 20 – 50 милиони евра. Ќе го поддржуваме приватниот сектор преку програми за сопствен бизнис. Ќе креираме деловни старт-ап центри во сите поголеми општини, во коишто државата ќе обезбеди деловен простор за повеќе ново-основани компании. Ќе создадеме можност за основање посебен вид трговско друштво со минимален износ на основна главнина од 1 евро“, истакна Заев.

 

Најави и дека ќе работат на привлекување и на домашни, но и странски инвестиции. Во делот на инфраструктурата  рече дека нивна намера е на секој граѓанин, без разлика дали живее во град или во село, да му се овозможат да има свој пристапен пат, водовод и канализација, елементарни услови за 21 век. 

   

„Предвидуваме вложување во 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта,1000 километри локални патишта. Планираме модернизација и проширување на железничка инфраструктура во Република Македонија, брза пруга Табановце – Гевгелија. Предвидуваме приградски патнички сообраќај што ќе се состои од 4 краци во и околу Скопје“, рече Заев.

 

Покрај тоа, првиот човек на социјалдемократите, најави воведување на механизам за поголема сигурност кај граѓаните за квалитетот на градбите, како и конкретни планови за развој и работа на енергетските капацитети во земјава  со што ќе намалат трошоците за енергија во Македонија.

 

„Македонското сонце да биде извор на енергија за секое домаќинство. Природениот гас да биде достапен во цела Македонија. Со изградба на магистрални гасоводи до сите урбани средини и со изградба на дистрибутивни мрежи ќе овозможиме користење на природениот гас, како евтин и еколошки енергенс за секого во земјава. Исклучените потрошувачи од системот за парно греење нема да бидат должни да плаќаат надоместоци за топлинска енергија“, истакна Заев.

 

Во делот на земјоделието, најави вистински земјоделски развој и достоинствен живот за земјоделците, ревизија на државно земјоделско земјиште и негова правилна распределба, повисоки и навремени субвенции, ослободување на земјоделците од персоналниот данок, еднаков третман при пензионирање за земјоделците, зелена нафта како гориво за земјоделството, како и пласман на земјоделскиот производ по достоинствени цени.

 

Најави и европска иднина на граѓаните и квалитетен живот.

 

„ Уште на почетокот на мандатот ќе направиме јавна расправа за промена на концептот на образование, по примерот на една земја од Европската унија, ќе го укинеме екстерното тестирање, ќе ги намалиме наставните содржини во основното и во средното образование, ќе ја вратиме автономијата на универзитетот и достоинството на професорите, ќе воведеме практична настава во средните училишта и на факултетите“, рече Заев.

 

За младите најави проект “Гаранција за млади“, поддршка за вработување, студентска платежна картичка.

 

„Ќе ги задржиме лекарите во Македонија. Зголемување на платите на здравствените работници.Ќе ги вратиме јавните стоматолошки амбуланти во училиштата. Обединување на Клиничкиот центар со функционално поврзани клиники“, рече Заев.

 

Според нивната Програма, предвидена е изградба на нова и современа еколошка инфраструктура. Мониторинг системи за квалитет на воздух, вода и почва.

 

„Ќе обезбедиме поволни кредити за замена на еколошките застарени технолошки линии и инсталација на ефикасни системи за намалување на загадувачките емисии. Ќе спроведеме вистинска, ефикасна контрола и спречување на загадувањето“, истакна Заев.

 

Меѓу другото, најави темелно преиспитување на проектот “Скопје 2014“, отстранување на промовирањето на кичот од страна на државата, нова конкуренција на мобилните оператори, интернет во секое место, рамномерен регионален развој на целата територија на земјата, како и намалување на цензусот за референдумско изјаснување на граѓаните за прашања од локално значење.

 

Заев најави и нова енергија во евроатлантските интеграции.

 

„Членството во НАТО и ЕУ се наши стратегиски определби. Знаеме дека е погрешно да се мисли дека членството во НАТО и ЕУ сами по себе ќе ја подобрат нашата иднина. Но, без интеграција во ЕУ и НАТО, државата нема иднина, посебно кога сите останати држави од регионот напредуваат во тој правец“, рече Заев.

 

Уште рече дека идната влада што ќе ја предводи СДСМ реално ќе се ангажира за надминување на наметнатиот спор од страна на Грција, но нема да прифати никаков разговор за идентитетски прашања

 

„За можните решенија остануваме на определбата за референдумско изјаснување на граѓаните“, подвлече Заев.

 

Според него, нивна цел е почеток на преговори за членство во ЕУ најдоцна до 2017 година.

 

„Ќе обезбедиме достоинствено функционирање на војниците. Ќе обезбедиме буџет за потребите на одбранбениот сектор и финансирање на одбраната согласно НАТО стандардите. Ќе обезбедиме ефикасен систем за управување со персоналот во МО и АРМ“, рече Заев.

 

Тој уште најави градење на граѓанска држава на сите што живеат во Македонија.

 

„Планираме воведување елементи на мултикултурно образование, мултикултурно запознавање за сите деца уште во најраната возраст, преку проекти и активности што развиваат чувство на слобода, толеранција и соживот. Планираме заштита на јазиците на другите заедници, афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците. Во Македонија, сите ќе имаат еднакви права“, додаде Заев.

 

Најави и спроведување на Попис на населението, според меѓународни критериуми и стандарди. /крај/со/ст

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија13 часа

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ13 часа

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија14 часа

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија16 часа

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија16 часа

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија18 часа

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија19 часа

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ19 часа

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија20 часа

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ21 час

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...

Спорт21 час

Светската рекордерка во маратон суспендирана поради допинг

Кениската атлетичарка Рут Чепнгетич, светска рекордерка во женскиот маратон, е привремено суспендирана поради позитивен допинг тест, соопшти Единицата за интегритет...

Македонија22 часа

Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани. Полицијата од Охрид утроово соопшти...

Свет23 часа

„Волстрит џурнал“: Трамп со цртеж од гола жена и порака за „прекрасна тајна“ му го честитал роденденот на Епштајн

„Волстрит џурнал“ денес објави дека името на Доналд Трамп се појавило на лична порака до Џефри Епштајн од 2003 година,...

Македонија1 ден

(Видео) Пожар го зафати покривот на црквата кај селото Мршевци, вели Ангелов

Денес попладне во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на...

Македонија2 дена

„Лажни тврдења и политички инсинуации“, вели Тошковски откако опозицијата оцени дека сака да ја партизира полицијата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку својот Фејсбук профил ги демантираше тврдењата на опозицијата во врска со предложените измени...

Македонија2 дена

Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален...

Македонија2 дена

Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни...

Македонија2 дена

Напредок во преговорите за пругата која се гради еден и пол век: тунелот да биде заеднички проект со Бугарија, а да го плати ЕУ

Вчерашната средба во Брисел за пругата кон Бугарија која се гради повеќе од еден и пол век, премиерот Христијан Мицкоски...

Македонија2 дена

Уапсен еден од убијците на припадникот на АРМ во Батинци, обвинителството поведе истрага за двајца соизвршители

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично...