Политика
Заев: Не ги сакаме сценаријата од Украина и Србија

Начинот на излезот од кризата во Македонија е согласно европската традиција и пракса, не сакаме да ги повториме сценаријата од Украина или претходно од Србија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој во петокот во Софија по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов порача дека во втората декада од 21 век мора да се најдат решенија по мирен начин без насилство.
„Нашето барање е по примерот на Бугарија да создадеме техничка влада, без влијание на двете најголеми партии, или опозицијата и власта“, рече Заев.
Според него, техничката влада во содветен период од шест до деве месеци би ја подготвила Македонија на фер, демократски и регуларни избори.
За тоа е потребно да се корегират многуте слабости кои што ги има системот, рече Заев, набројувајќи го изборниот законик, избирачките список, антикорупција комисија и
ДИК.
„Народот е тој, кој што ја дава власта и ќе одлучи во кој правец да се движи Македонија. Ред е политичарите по фер и демократски избори да си дадат рака и да ја градат иднината на својата земја“, рече Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање каква помош очекува од бугарскиот премиер, Заев рече дека Бугарија како земја члнека на ЕУ, преку сите институции, може многу да помогне демократки пат да се изнајде решение од кризата.
„Пријателите ни се потребни кога се присутни проблемите. Бугарија е голем пријател пријател на Македонија и премиерот и опозицијата тоа денеска го покажаа. Испратија уште една пријателка порака“, оцени Заев.
Тој најави дека наскоро ЕУ неформално ќе ги отвори поглавјата 23 и 24 од преговорите со Македонија, кои се однесуваат на правосудството и на слободата на медиумите.
„Тоа многу значи. Во Македонија судството е целосно поклопено од извшрната власт и не може да се дојде до правда, а преку 85 отсто до медиумите се под контрола на владата. Тоа е голема помош за Македонија, бидејќи со отворањето на разговорите токму на овие две важни поглавја Македонија ќе направи голем чекор“, рече Заев.
Тој додаде дека ќе продолжи со објавување на таканаречените бомби и најави дека наскоро ќе биде објавен материјалот за Смилковско езеро. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ ќе продолжи да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата, порачаа од партијата на Ахмети

Да се биде три години дел од најмоќната воено-политичка организација во светот претставува остварување на најважната стратешка определба на граѓаните од самото осамостојување на земјата, велат од Демократската унија за интеграција на тригодишнината од членството во НАТО.
„На тригодишнината од нашето членство можеме да констатираме дека Република Северна Македонија се покажа како рамноправен партнер на сојузниците во алијансата остварувајќи значаен придонес како во регионалната така и во европската безбедност.
Со своето политичко дејствување Демократската унија за интеграција ќе продолжи активно да биде гарант за внатрешната стабилност на земјата придонесувајќи со тоа и за остварување и на втората стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во Европската Унија“, се потенцира во соопштението од ДУИ.
Македонија
(Видео) Јаневска: Шаќири ја призна целата мизерија на власта, од буџет од 450 милиони евра не може да одвојат за учебници

Срамна изјава на министерот за образование, Јетон Шаќири, дека Министерството за образование нема пари за печатење учебници за средно образование, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, тој е 8,4 % поголем од буџетот за 2022 година, а Шаќири при својата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати. Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука, прашуваме на што се трошат 450 милиони евра што МОН ги има во буџетот ако нема пари за учебници?“, праша Јаневска.
Таа потсети дека оваа Влада немаше пари ниту за свидетелства, кои доцнеа, ниту за учебници во основно, кои ги печатеа за еднократна употреба.
„Признанието е крајно поразително ако се земе во обѕир дека оваа Влада има пари за златни лажици, ф’стаци и бифтеци, за нови службени возила, за прослави на Рамковниот договор и годишнина од формирање на Владата, за енормно скап километар автопат, за братот на Артан Груби, за надзор на градежни фирми кои до вчера произведувале долна облека, за отштета за неизграден клинички центар – 8 милиони евра, дури и за дресирање магариња.
Добро образование и добро структуриран образовен систем ги одредува аспирациите и потребите на државата, како и нејзината иднина, односно судбина. Веќе е сосема познато дека нашето образование е во постојан пад и веќе е на работ на комплетен колапс. Од последната анкета спроведена од Институтот за политички истражувања, а во врска со образованието во Македонија, се гледа дека населението е незадоволно од повеќе елементи во образованието, од кои најмногу од наставните програми и од учебниците“, изјави таа.
Според Јаневска, учебниците за образованието се од суштинско значење и се основа за сите други видови учења. Без нив, додаде таа, оние што учат би немале ниту појдовна точка ниту начин за процена на својот напредок.
.
Македонија
(Видео) Ветинг на судии само со меѓународна поддршка, услови министерот Лога

Без меѓународна поддршка, министерот за правда, Кренар Лога, не планира да спроведе ветинг (проверка) во судството. Тој рече дека Македонија е далеку од Албанија кога во прашање е криминалот во правосудството, односно дека е на далеку подобро ниво. Лога посочи и дека се среќавал со функционери од Албанија за да се види каква тактита примениле за ветингот.
„Во Министерството нема никаков документ поврзан за ветингот, нема ниту една буква. Ние стоиме на ставот дека мора да има ветинг. Во овој ветинг мора да се вклучат ЕУ и САД. Ако тие не се дел од овој процес, нема да го почнеме“, рече Лога.
Прашан дали ќе се прави генерален реизбор на судии по ветингот, Лога рече: „Сега не е време за ова прашање. Треба да се разговара“. Тој додаде дека Македонија не може да се спореди во криминал со Албанија.
„Јас кажав дека денеска во Македонија се работи со 50 отсто од капацитетите на обвинители. Од тие 50 отсто, кои се дел од системот, над 25 отсто се ангажирани на период од 10 години. Судството работи со 2/3 од нивниот капацитет. 1/3 се луѓе вклучени во последните 10 години. Нема да е исто со тоа во Албанија ни од блиску ни од далеку. Кај нас за ветингот треба повеќе ангажман“, додаде тој.
На брифинг со новинарите прашан дали во негово време ќе успее да го спроведе ветингот, Лога рече: „Било што да кажам е многу рано. Сите политички партии се заветени, ако сите се на овој став, тогаш ќе биде лесно“.