Политика
Заев нема да коалицира со осомничени и осудени

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во петок најави дека доколку победи на изборите нема да коалицира со осудени или осомничени лица.
„Воопшто не. Бидејќи еден од принципите, односно каузите за коишто се бориме е да се врати правдата, законот да важи еднакво за сите и етичкиот кодекс мора да биде правило во оваа наша земја. Согласно тоа, секој којшто е со сериозни докажи осомничен, осуден за криминал не треба да биде дел од извршаната власт“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Деновиве, и Коалицијата за промени и правда во која членуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ и МОРО работничка партија, а со која пред избори, СДСМ не постигна договор за коалиција, упати јавен повик до сите политички партии кои ќе учествуваат на изборите заради почитување на „неговото височество“ гласач, на листите на кадидати за пратеници да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.
„Иако максимално го уважуваме начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаме дека на ваквите лица не треба да им се дава можност евентуално да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води за нив“, рекоа од Коалицијата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Работната група ја усвои Предлог иницијативата за уставните измени, соопшти Министерството за правда

Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за правда.
Предлогот, како што информираат од ѕтаму, ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.
Македонија
(Видео) Во ДУИ командант е Ахмети, ќе заврши кариерата на „Огнените“ – Ангелов за изјавите на Меџити

Појаснувајќи ја иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, лидерот на партијата и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов во интервју за „Макфакс“ вели дека кочницата за спроведување на иницијативата е во ДУИ.
Знаев, додава Ангелов, дека, додека не избоксуваме согласност од ДУИ, немаме ништо од тоа.
За реакциите од страна на огнената група на ДУИ и изјавите на Изет Меџити, Ангелов дециден: „Огнената група може да кажува што сака, во ДУИ командант е Али Ахмети. И на УЧК и на ДУИ. Огнените ќе скокаат и ќе излезат од ДУИ, со тоа нивната кариера ќе заврши“, оценува тој.
Во моментов, не гледа, како што вели, опасност за врвот на ДУИ од огнените. Тие, како што оценува, ја злоупотребуваат темата.
„Изет Меџити колку време беше на висока позиција во ДУИ? Што чекал Меџити, зошто 22 години не им помогнал на ветераните од УЧК? Чекал 22 години и сега кога има политички несогласувања ја злоупотребува темата да поентира кај дел од Албанците“.
Дополнува дека многу ветерани од УЧК се вработени во државните институции, како на пример во полиција, АРМ и слично.
Најголем дел, според него, се згрижени од државата за разлика од бранителите кои се оставени на улица, на маргините на општетството.
Реакцијата на Меџити, според Ангелов е само евтин популизам за политички поени, и не му предвидува успешна политичка кариера.
Поопширно со директорот на ЦУК и лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов, во интервјуто за „Макфакс“.
Македонија
(Видео) Спасовски најави воздухопловен тим за здравствен транспорт на лица низ државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посети Одделот за воздухопловни единици во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово, која во рамки на МВР постои веќе 54 години. Министерот Спасовски оствари работна средба со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следеше разгледување на воздухопловите и опремата за нив, поставени на платото пред хеликоптерските хангари во Идризово.
Спасовски најави нов проект – тим од МВР и тим од Министерството за здравство за здравствен транспорт на лица низ државата.
„ Се надевам дека во најскоро време ке го започнеме тој проект, да комплетираме еден целосен тим од МВР со целосна опрема за еден воздухоплов и од Министерство за здравство за здравствен транспорт на лица низ државаѕа. Тоа ќе биде за првпат од постоењето на оваа единица во изминатите 54 години“ рече Спасовски.
Меѓудругото, Спасовски рече дека е инвестирано и во опрема за гаснење на пожари.
„Препознавајќи ги потребите на државата за поуспешно справување со пожарите, а со тоа и подобра заштита на граѓаните и имотот, Единицата беше опремена со 3 хеликоптери марка „Бел“, кои беа оспособени за гаснење на пожари, за да одговорат на потребите на граѓаните. Беше набавено едно ведро за „Бел 212“ и Симплекс резервоар за „Бел 412“ и овие хеликоптери веќе ги видовме на дело”, рече Спасовски.
За да се овозможи успешно користење на опремата, како што рече, се воспостави соработка со словенечката полиција, од чија страна беше спроведена меѓународна обука, и тоа за носење подвесен товар и за гаснење на пожари.
„Обуката успешно ја завршија и се сертифицираа сите пилоти на Хеликоптерската единица за полициски намени”, истакна Спасовски.
Тој нагласи дека за првпат македонската полиција ќе одржува флота на македонската армија, пред се хеликоптери од типот „Бел“ 206 и „Злин“.
Спасовски додаде дека можат да се пофалат дека имаат и жена пилот.