Политика
Заев: Под власта на Груевски и Мијалков загрозена е и стабилноста на Македонија
Под власта на Груевски и Мијалков загрозена е и стабилноста на нашата држава, рече во петок претседателот на СДСМ Зоран Заев, објавувајќи нов сет аудио разговори.
„Имаме морална обврска да го сториме тоа. Немаме право да им ги криеме лицата на оние кои се насилни од хир, насилни поради нетрпение кон политички противници, на оние кои мразат од нетрпеливост поради секаков вид припадност, на заговарачите на сценарија, на убијците на нашата заедничка иднина. Жртви овде се сите и “нивни“ и “наши“ и “ваши“…, секој еден граѓанин во земјава“, рече Заев.
Според него, од овие снимки може да стане јасно колку навистина е сериозна ситуацијата во Македонија, дека станува збор за непресметливи луѓе во безбедносните служби и во власта на Груевски и дека тие се сериозна закана и за професионалците во полицијата и за безбедноста на граѓаните, независно од различностите по која било основа.
„Во првиот сет разговори за денеска ќе слушнете колку и какви “урковци“ имаат ставено меѓу чесните професионалци во безбедносните служби, ќе слушнете за недозволивите скандали што овие личности ги провоцираат во специјалните единици и за уште поскандалозниот факт дека не се знае кој командува со полицијата“, рече Заев.
Тој појасни дека од разговорот на Мартин Протогер со Гордана Јанкулоска ќе може да се слушне, како што рече Заев, како “оригиналниот“ Урко, “скршил од ќутек“ замислете, 20 припадници на специјалната единица “Волци“, среде центар во Скопје!
„Друг “урковец“ не само што шверцувал цистерни нафта за училишта, туку насила изнудувал да му биде потпишано дека училиштето примило три или пет тони нафта за греење, иако тој испорачал само еден тон – ова и го доверува Протогер на Јанкулоска“, вели Заев.
Понатаму претседателот на СДСМ појаснува дека како што Груевски си го имал Урко, така Мијалков си го имал Утка.
„Ни набљудувачите на ОБСЕ не успеале преку Јанкулоска, да го тргнат Утка, кој за локалните избори бил локален шериф во Струга и вперувал пиштол во глави на луѓе. Затоа што Утка имал грб, а тоа бил лично Сашо Мијалков, кој смета дека на Утка тоа му е работа, а не да биде, како што вели Мијалков, “балерина“, нагласува Заев.
Заев во продолжение презентираше нов сет аудио разговори, од кои, како што вели, се гледа „до каде оди забеганоста“ на власта.
„Груевски пикирал парк кај хотелот Бристол во Скопје и бара од Јанакиески таму насила да никне барокна зграда. Ова насилие врз граѓани од страна на премиерот Груевски се преточува во други несфатливи форми на изживувања врз луѓе. Така Мијалков и Јанкулоска договараат како да му го загорчат работното место на полицаец кој излегол на протест за Љубе Бошкоски. Така Протогер во еден момент сака да го убие, замислете и Латас, но полтронскиот уредник на власта во Сител и не е единствениот што Протогер има желба да го убие“, додава Заев, појаснувајќи ги аудио разговорите.
Според Заев, Мартин Протогер бара од Јанкулоска помош тој да се пресметал и со новинарот Зоран Божиновски, кога ќе бил донесен од Србија во затвор во Скопје.
Тој објави уште еден сет на аудио разговори, во кои, според него, се прават калкулации со ќерката на полицаецот што во Гостивар застрела две лица по кавга за паркинг место.
„За свои интереси, нечовечки, планираат да го изложат девојчето на сурова медиумска експлоатација – ќе слушнете како треба тоа да го реализира уредничка во Сител, што работи по нивни инструкции, Славица Спасовска. Ќе слушнете како тие креираат што да информираат медиумите под нивна контрола. Ќе слушнете како во тие денови, кога имаше протести во Гостивар, Котевски посакал да бил “зачукан“ и некој новинар“, рече Заев.
Тој додаде дека власта не е искрена кога зборуваат за соживот, туку дека работи на уништување на соживотот во оваа држава.
„Мнозинството граѓани во Македонија копнеат да живеат мирно, сложно, без страв за својата иднина. Мнозинството граѓани во Македонија, независно од различностите по која било основа, споделуваат исти грижи, за својата егзистенција, за својата безбедност, за перспективите на своите деца. Мнозинството граѓани на Македонија имаат еден проблем. Тој проблем има име и презиме. Тоа е Никола Груевски. Толку е. Крената е завесата. Театарот е одигран. Дел од глумците сами се повлекоа. Не е доволно. Режисерот на долгата, мачна, задушлива, крвава драма мора да си оди. Никола Груевски мора да си оди. Нема место повеќе за Груевски на политичката сцена“, рече Заев.
Тој на крајот на прес конференцијата ги повика сите да излезат на натпартиски граѓански мирен протест. /крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски од Чаир: На Македонија ѝ треба обединување и единство, а не поделби, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи 1 милијарда евра за проекти во сите општини
Се чувствува победничка атмосфера и енергија, тоа е важно за сите нас и ни дава мотив да продолжиме посилно да се бориме. Овие денови кои ни преостануваат треба максимално да се мобилизираме, а најновите анкети кои ги добив утрово велат дека ќе биде голема победата и на 24 април и на 8 мај, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Чаир.
Мицкоски истакна дека сега во Македонија имаме политичка гарнитура која повеќе од две децении е на власт, тоа се ДУИ чија суштина се поделби и грабеж на народот.
– Кога ќе анализирате која е суштината на ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби, Бујар Османи, Талат Џафери и останатите, кај нив нема ништо посебно тие само го делат народот по етничка основа и така опстојуваат. Дали некој може да се сети некоја добра работа која Али Ахмети и Артан Груби ја имаат направено, но можам да кажам десетици лоши работи, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека сега ДУИ сериозно ќе бидат изненадени на овие избори, а им се познава нервозата затоа што после 8 мај треба да одговараат за сето она што му го направија на народот, за целиот грабеж.
Мицкоски се осврна на проектите кои ги планира идната влада од ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека се планира да се инвестира 250 милиони евра секоја година во општините, 1 милијарда во 4 годишен мандат.
– Во Чаир ќе има висока сума, еден од проектите е проширување на булеварското решение на влезот од Бит Пазар кон Чаир и тоа мора да се направи и го повикувам градоначалникот да се пријави со повеќе проекти. Тоа ќе додаде вредност во квалитетот на живеење. На Македонија и треба обединување и единство не поделба, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски додаде дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да отвори нови 55.000 работни места, да функционира со владеење на правото на целата територија и нема да има територии каде ќе владејат шерифи.
Да обезбедиме пристојни услови за поголем инвестициски бран и од странство и од домашни инвеститори за да може децата да останат тука. Мораме и тие кои си отидоа да ги вратиме назад. Да обезбедиме надеж. Ве повикувам на 24 април сите да се обединиме околу број 2 и да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа да се обединиме и заедно на 8 мај да испишеме историја за коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Македонија
Доц. д-р Бобан Карапејовски: Ќе обезбедиме вработување на најдобрите 200 студенти, како и стипендии од 500 евра месечно
Носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1, Бобан Карапејовски на денешната прес конференција рече дека во програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за парламентарните избори, наречена „Проглас за достоинствена Македонија“ еден од приоритетите се образованието и науката, кои се суштински за градењето силна и просперитетна држава.
„Во Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, предвидовме два сегменти: зголемување на достоинството на вработените во образованието и во науката и поставување нов систем, со кој овој сектор ќе се врати во фокусот и ќе помогне во создавањето функционално писмен и високообучен кадар, како и продлабочување на
научните истражувања“, рече Карапејовски и додаде: „Во однос на првиот постулат, достоинството на вработените во образовниот сектор, е предвидено платите на наставниците и на професорите да се зголемат до 100 % од актуелните. И, тоа е најмалку што можеме да направиме за да му го вратиме угледот на учителот и да ги привлечеме најдобрите да бидат
даскали на нашите деца“.
Тој потенцира дека за најдобрите студенти ќе се обезбедат стипендии во износ од 500 евра месечно, а за најдобрите двесте студенти вработување во научните и во институциите на системот.
„Партиските вработувања мора да запрат! Не смее партиската книшка да биде услов за вработување. На универзитетите и во државните институции треба да работат најдобрите за најдоброто за сите нас. Ни треба научен подмладок веднаш, како и
ревизија на условите и зголемување на квалитетот на акредитираните универзитети, кои се множат на секој чекор, а не даваат квалитет“, рече тој.
Карапејовски рече дека наставните програми и планови ќе се усогласат со модерните технологии и достигнувања и појасни дека ќе се изгради систем што ќе поттикнува креативно, аналитичко и логичко размислување кај учениците, но и ќе поттикнува креативност во областа на бизнисот и на финансиската едукација. Учебниците ќе бидат усогласени со новите наставни планови и програми и напишани од најдобрите автори, навреме доставени до учениците.
Тој исто така рече дека издвојувањата од буџетот за науката ќе се зголемат, а ќе има и посебни стимулации за оние што успеваат да објавуваат во најпрестижните списанија и да соработуваат со колегите од најдобрите светски универзитети, како и посебни субвенции за таканаречните национални дисциплини.
Македонија
Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!
На само неколку дена пред првиот круг на гласање, од Скопје кандидатот за претседател Стево Пендаровски искажа верување дека по повеќе од три децении независност, македонските граѓани многу добро знаат да препознаат чија програма е реална, а која е во расчекор со времето во кое живееме.
„Овој претседател и оваа политичка гарнитура никогаш не давале лажни надежи и ветувања за брза реализација на стратешките цели на државата. И денес пред вас, не велам дека Македонија за само неколку години ќе биде најразвиената држава во Европа, не ветувам дека целиот тој процес ќе трае само неколку месеци, но, говорам и повторувам секаде дека најголемиот ризик е ако на изборите им дадеме шанса на оние за кои претходно веќе видовме како владеат со луѓето цели 11 години“, истакна Пендаровски.
Пендаровски денеска повика на масовна излезност на 24 април и на 8 мај, за како што рече, да не се враќаме во режим.
„Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека победуваме на 8 мај. Со заокружување на бројот 1 продолжуваме кон Европа и кон развиениот свет и дефинитивно не се враќаме назад во режим и заробена држава“, рече Пендаровски.