Контакт

Политика

Заев: Постигнатиот договор е гарант за фер и демократски избори

Објавено пред

Институциите ќе се демократизираат кога оваа власт ќе замине, тогаш ќе се демократизираат институциите, а сега заедно со власта, СДСМ се гарантори на фер, демократски и регуларни избори, онолку колку што сме застапени во власта, но сепак тоа е силна гаранција, од денеска има надеж за граѓаните на Македонија, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ноќта кон петокот по постигнатиот договор, на прашањето „дали партијата има моќ за шест месеци да ја демократизира државата“.

dobivaj vesti na viber

„Јас сум прв опозиционер и само ќе потврдам, реков дека денеска победи Македонија, ова значи дека граѓаните ќе имат слободно изразена волја, дека кога ќе дојде денот на изборите ќе одлучат онака како што тие мислат дека е најдобро за нив за нивните семејства, за нивната земја, за нашата Македонија. Тоа е таа гаранција за којашто се боревме и се надевам дека ќе ја успееме до крај да ја имплементираме поради сите граѓани на нашата Македонија“, рече Заев.Тој потврди дека по синоќешниот договор, останува изборите да се организираат на 24-ти април, а премиерот би се повлекол од мандатот, според датумот утврден во Законот за Влада, онака како што е тоа напишано, потврдено, во договорот од 15-ти јули.„Тоа е во соодветно време премиерот дава оставка, а не подоцна од 100 дена пред одржување на изборите, се бира влада со нов премиер. Роковите по Уставот се 10 дена, плус 20 дена. Секако дека очекуваме приближно на овие рокови да биде поднесена оставката. Конечната цел е да бидат исполнети роковите 100 дена пред изборите да има влада којашто би била во истиот состав, но со нов премиер“, рече Заев. Во петок се очекува, доколку конечно  бидат потврдени предложените нови министри и заменици министри од страна на СДСМ, тие законски решенија и таа одлука да стигнат во парламентот, а претседателот на Собранието, да ги закаже овие точки на дневен ред, за да може да бидат донесени одлуките. „Наша интенција е секако пред објавување на Извештајот законите да бидат донесени, министрите да бидат избрани, секако и замениците министри со право на вето“, рече Заев.Министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика ќе биде Фросина Ременски, заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупче Николовски, заменик министер за информатичко општество и адиминистрација ќе биде Александар Кирацовски. „Најголемата дилема во овие закони, пред сé, во Законот за влада, беше од кога се смета организација на изборите и дали да стои во посебен член. Едноставно, решението го најдовме со тоа што ги преточивме формулациите на зборови од самиот Договор од 15-ти јули каде што се опишува дека заменикот министер, дополнителниот заменик министер имаат право на вето за сите финансиски, правни и човечки ресурси, коишто се однесуваат на организација на изборите. Исто така, во законот е прецизирано дека министерот за внатрешни работи може да разрешува, распоредува, на исто ниво, на различно ниво, одредени раководни лица. Уште еднаш потенцирам, нашата интенција не е да ги смениме сите раководители, секако таму има професионалци, бараме пред сé шанса да ја извршиме обврската за раководење со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за труд и социјална политика“, додаде Заев. Нагласи дека ова се прави за да се добие гаранција за граѓаните, во прв ред, за слободно изразена волја на изборите на 24-ти април, каде што покрај власта, гарантира и опозицијата. „Истовремено, во овој период да ја подобриме нашата Македонија со демократизација на институциите, пред `се во делот на медиумите, во правосудството, во другите корективи во општеството, како Антикорупциската комисија и некои други институции, затоа што зголемена демократија во институциите ќе значи дека сите сме победници“, додаде Заев, кој рече дека е задоволен од договорот.Вчеравечер беше постигнат договор којшто денеска треба да биде само правно, легално формализиран, преку преточување во Закон за Влада, во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри, постигнат е договор за Изборниот законик, постигнат е договор за Законот за whisteblowers или свиркачите, постигнат е договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон и постигнат е договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет17 минути

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет25 минути

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет29 минути

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа33 минути

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија7 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија14 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија15 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија16 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија19 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија19 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија20 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија20 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија20 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија22 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија22 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет23 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет1 ден

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...