Контакт

Политика

Заев преку писмо повикува да се преземат чекори по мислењето на Венецијанската комисија

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, упати писма до претседателите на политичките партии-потписнички на Договорот од Пржино и до амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија, во кое повикува да се преземат чекори по мислењето на Венецијанската комисија.

dobivaj vesti na viber

џВо писмото, претседателот Заев наведува дека по донесувањето на мислењето за Законот за приватност и Законот за пријавувачи од страна на Венецијанската комисија, потребно е да се преземат чекори за да се избегнат штетните недоследности во примената на Договорот од Пржино.Заев повикува на решавање на неколку прашања пред Законот за приватност и Законот за пријавувачи да влезат во сила, како и пред датумот на распуштањето на Собранието.Тој ја изнесува подготвеноста на СДСМ барањето на решенија за прашањата да се одвива или на ниво на работна група или на ниво на лидерска средба. „Венецијанската комисија веќе го донесе Мислењето за Законот за приватност и за Законот за пријавувачи, кои беа предмет на спогодба во рамките на спроведувањето на Договорот од Пржино. Како дел од договорот, четирите политички партии од Работната група презедоа обврска да ги изменат овие закони согласно Мислењето на Венецијанската комисија. Од таа причина, гореспоменатите закони не се применуваа по влегувањето во сила на Договорот, туку по 10-ти мај 2016 година Венецијанската комисија заклучи дека Законот за приватност бара длабинска ревизија“, потсетувата од СДСМ. Прво, треба да се допрецизира опфатот на примената на Законот за приватност како и неговата поврзаност со другите закони. Според Мислењето, законот воспоставува мошне ригидно правило според кое се забранува објавувањето на сите прислушувани материјали. Венецијанската комисија препорачува законот да дозволува објавување на содржини кои се поврзани со прашањето на јавен интерес, со тесно дефинирани исклучоци, а поврзани со откривањето на информации за интимните аспекти на приватниот и на семејниот живот. Законот треба да остави простор за балансирање кое би го правеле прво, новинарите, а потоа судовите итн. Како што потсетува Зањев, особено при ревидирањето на овие два закона, Венецијанската комисија ги поканува македонските власти да ги земат предвид следниве главни препораки: Да се предефинира материјалниот опфат на Законот за приватност со цел да се отстранат какви било двосмислености за тоа кои содржини се во негова надлежност; Законот за приватност треба да дозволува објавување на материјали кои се од јавен интерес, со некои потесно дефинирани исклучоци, а поврзани со јавното откривање на информации од интимен карактер од приватниот и од семејниот живот. Исто така, обврската, во Законот за приватност, да се предадат материјалите на нововоспоставеното Специјално обвинителство треба да биде појасно напишано. Таа обврска не треба да го исклучува објавувањето на содржините кои допираат прашања од јавен интерес. Ефективноста на Специјалниот обвинител треба да биде загарантирана со соодветни мандат, овластувања, средства и персонал, потсетува Заев.Членот 6 од стр. 1 од Законот за пријавувачи треба да се ревидира – да биде можно јавно откривање онаму каде што не постојат механизми за внатрешно/надворешно објавување, онаму каде што тие недвосмислено се неефикасни или онаму каде што постои очигледен ризик од покривање на злоделото или од избегнување на одговорноста од страна на сторителите. Овој член треба да се однесува на општата дефиниција на „јавниот интерес“.Исто така, Законот за пријавувачи мора да утврдува до која мера и во кои околности „јавниот интерес“ зад објавените материјали му гарантира на пријавувачот заштита од можни дисциплински казни (и слични мерки поврзани со работното место), но и од какви било кривични санкции или од граѓански одговорности, како и можните исклучоци од ова правило.Со оглед на договореното од страна на четирите политички партии, со меѓународна поддршка и посредство, СДСМ верува дека е од исклучителна важност да се испочитува спогодбата, додава Заев во писмото./крај/мф/бб

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

Тешките зимски услови ги нарушија транспортните и енергетските системи низ САД, приземјувајќи повеќе од 1.200 авиони и оставајќи десетици илјади...

Свет2 часа

(Видео) Американските ѕвезди на Греми наградите му испратија порака на Трамп: „Ние не сме животни, ICE надвор“

Музичарот од Порторико, Бед Бани, повика на „исфрлање“ на американската Служба за имиграција и царина (ICE) додека ја примаше наградата...

Свет2 часа

Премиерката Такаичи би можела да оствари убедлива победа на изборите во Јапонија

Партијата на јапонската премиерка Санае Такаичи веројатно ќе обезбеди убедлива победа на изборите за долниот дом на парламентот следната недела,...

Свет2 часа

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на...

Свет2 часа

Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор,...

Македонија11 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет16 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион17 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија19 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет21 час

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија23 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија1 ден

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет2 дена

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија2 дена

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија2 дена

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...