Политика
Жерновски бара од Јанкулоска да го расчисти инцидентот со демолирањето на општинските простории

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски преку отворено писмо ја покани министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да присуствува на седница на Советот на Општината, на која ќе говорат за инцидентите кога беа демолирани општинските простории.
„Без оглед дали непреземањето на конкретни мерки на МВР за инцидентите во Центар, е последица на недостаток на капацитет, или отсуство на политичка волја, недозволиво е 15 месеци да не се откријат насилници фатени на камера“, се вели во писмото.
Понатаму се додава дека наводната НВО “Веритас“, која тогаш се јави како организатор на протестите, воопшто не е регистрирана како невладина организација.
„Оттука, со желба да се расчисти инцидентот, во неколку наврати Ви се обративме со барање да се преземат сите неопходни мерки за целосно расчистување на настанот, кој е нотиран во дневниот билтен на МВР, уште на 08.06.2013 година“, се вели во писмото. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Стоилковски: Дали ДУИ и СДС веќе ги поделиле автопатите по делници или ќе ја пресметуваат и делат разликата по ископан кубик земја?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција направи неколку споредби со цени за градежни зафати при изградба на автопати во Македонија. Заедничко, како што рече, е тоа што зад двата договора како инвеститор на градбата секако стои државата Македонија.
„На страница 130 од договорите за коридорите 8 и 10 д добиен од укажувачи во ценовникот за ископ на првиот слој прифатена е цена од 5,36 евра за кубен метар, односно 330 денари. Ова е цена за ископ на горниот слој земја со вклучен транспорт до 3 километар. Над овие 3 километар за транспорт се наплаќа 0,17 евра за тон од километар, па, така, еден камион со носивост од 25 тона ќе чини 4,25 евра од километар!
За споредба, договор склучен на 24 февруари 2023 помеѓу „Гранит“ и ЈПДП за автопатот од ГП Блаце до с. Блаце, за истата работа „Гранит“ наплаќа 2,33 евра за кубен метар со вклучен транспорт до 15 километри. Значи, наместо 2,33 евра од еден кубен, државата сега, со 15 километри транспорт, ќе плаќа 7,4 евра или 5 евра повеќе за кубен метар. Треба да се знае дека се работи за многу милиони кубни метри земја за ископ.
Потоа, ископ на подолни слоеви земја под првиот слој. 8,95 евра за кубен метар или 552 денара со транспорт до 3 километри. Над тоа повторно се плаќа 4,25 евра од километар за камион. Во споредба со договорот за рехабилитација на државниот пат Тетово – Џепчиште од 2021 година, цената таму е 240 денари за македонската фирма „Гранит“, значи цената за коридорите е многу повеќе од двојно поголема. 552 денара со 240 денари до три километри, а потоа се додаваат и оние 4,25 евра за километар за камион“, објасни Стоилковски.
Праша каде ќе заврши разликата во пари. Се работи за многу пари, за многу земја, многу површински и под површински ископ, многу минати километри, рече Стоилковски.
„До сега нема одговор, сè уште го кријат договорот, го кријат и од институциите, има само молк на прашањата за финансиските импликации врз буџетот.
Кријат и бегаат од одговор зошто е толкава разликата и зошто е прифатена толкава разлика во цени?
Партиите од власта, потписници на договорот, треба да одговорат: Дали ДУИ и СДС веќе ги поделиле автопатите по делници или ќе ја пресметуваат и делат разликата по ископан кубик земја? Македонија е во период кога наближуваат избори, па мора да се знае дали ДУИ и СДС подготвуваат црни фондови за изборен поткуп?“, праша Стоилковски.
Ниедна клаузула или договор, според него, не може да бидат посилна од институциите ако треба да се спречи тежок криминал со наштетување на државниот буџет во партиски цели.
Македонија
ДУИ: Патиките на Артан Груби чинат 138 евра на попуст

Се огласија од ДУИ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, носел скапи патики, кои чинеле колку една македонска просечна плата.
Од партијата велат дека патики чинат 138 евра, симнати на попуст од 212 евра.
„Денешната ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатлива, која го пушти низ вода сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку Гебелска пропаганда. Затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски, туку сè уште го сметаат Груевски за свој лидер.
ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и за личните навреди упатени кон првиот потпретседател на Владата, г. Груби. Во прилог ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои, замислете, се состануваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“, велат од владејачката партија.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ го обвини Артан Груби дека носел патики што чинат колку една просечна македонска плата.
Македонија
Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагностичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватното здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.
„Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите контролори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму, ќе излеземе со точни резултати какво е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме“, рече Меџити.
Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.
„Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние првин треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден-два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да почнеме, работите да се движат композитно, јас имам моја предлог-визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологијата во целата држава, т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град има доктор што дневно чита еден рендген на една рака или нога, сега понатаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома, нашите почитувани радиолози, ако сакаат повеќе финансиски примања, ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго“, објасни министерот Меџити.