Контакт

Политика

ЗНМ против измените на законот за медиуми

Објавено пред

Здружението на новинарина Македонија (ЗНМ) упати остра реакција на одлуката на владата во скратена постапка да предлага измени и дополнување на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, што во средата беа ставени на дневен ред на собраниска седница.

Од Здружението на новинари изразуваат незадоволство од начинот на кој Владата ги менувала медиумските закони истакнувајќи дека требало и тие да бидат консултирани за ваквата одлука.

 

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, посочи дека во ниту една демократска земја медиумските закони не се носат без јавна расправа и без присуство на опозицијата во Парламентот, заради важната улога што медиумите ја имаат во секое демократско општество.

 

„Со ваквото однесување на владата, кое е во спротивност со европските стандарди и практики, не може да се подобри и така влошениот имиџ на земјата во светот заради непочитување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите. За драматичното паѓање на Македонија на светските ранг листи за слобода на изразување , владата одговорноста не треба да ја бара кај други, туку да сфати дека со нејзиното однесување во голема мера придонесува за ваквата состојба.Апелираме владата да ги повлече од собраниска процедура измените и дополнувањата на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и да се даде можност на новинарските и медиумските организации да се произнесат за нив“, изјави Насер Селмани.

 

Селмани истакна дека во здружението сметаат дека владата не треба да го менува законот пред да почне да го применува.

 

Според нив од ваквиот потег очигледно е дека на некој не му се допаѓа тоа што два члена во програмскиот совет на МРТ треба да ги предлага ЗНМ, како мнозинско здружение.

 

„Со ваквото делување владата покажува дека ги менува сопствените закони кои не и одат во прилог на нејзините интереси“ – додава Селмани./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Ќе почнеме со ветинг од политичарите зошто не се сите исти, има и чесни

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од скопски Карпош порача дека на 15 јули се одлучува каква држава сакаме, држава со корупција, криминал или обновена со чесни луѓе.

„ На помалку од две недели од сега на 15 јули граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со криминал, корупција или она што го велиме политичко мочуриште или држава со напредни прогресивни сили со чесни луѓе. Тие имаат истрошени политичари, но некако на грбот на народот се уште опстојуваат и немаат што да понудат, ние имаме амбициозни и мотивирани да се справат со предизвиците. Ја чувствувам енергијата на народот кој е за промени, кој сака да си ја врати државата која му беше киднапирана. За тоа да се случи треба масовно, рано наутро да излеземе и да гласаме да заокружиме број 14, да заокружиме за победничката листа. Почетокот на патот е на 15 јули и секој од нас ќе има прилика позади параванот гласно да зборува“, рече Мицкоски.

На граѓаните, Мицкоски им посочи, дека политичкиот противник веројатно ќе дојде и ќе се колне во жицата, во семето, и ќе ве убедуваат дека сега можеле повеќе. Можеа, да можеа, ама не е логично додаде тој, да велат дека им требаат сега уште четири години.

„ Можеа реформи, можеа повисоки плати, пензии. Можеа подобра реформа во судството, а не да бидеме хибриден режим. На дното на Европа сме, можеа наместо да распродаваат достоинство и чест, можеа да напарават подобри договори. И да наместо правда донесоа по некоја Луј Вутон чанта и по некоја трас-трас одлука во судството. Само неправда, срам, понижувања и омаловажувања донесоа. Тоа е таа е суровата реалност, а јас ја одбивам и правам се да ја променам. Треба масовно да се спротивставиме на оваа корупмирана власт, која не пљачкосува и срами, и убеден сум дека тоа ќе смени“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на неколку економски показатели со кои укажа како се однесуваа оваа власт.

„ Неколку бројки кои ја отсликуваат економијата се следниве, индустриското производство во мај годинава е за 27 проценти помало од истиот период во 2019 година. Потоа, бројката на работници во индустријата е за 5 проценти помала во април, мај од истиот период минатата година. Дефицитот е 26 милијарди денари пари потрошени во обид за поткуп, повеќе од 420 милиони евра заклучно со 30 јуни се потрошени, толку тежи обидот на Зоран Заев да тргува на овие избори“, кажа Мицкоски.

Ова народот го гледа, рече Мицкоски и додаде, „затоа народот ќе им го заврти грбот“. Мицкоски укажа дека ВМРО – ДПМНЕ реформата ќе ја започне од самите политичари.

„ Ние нема да почнеме од судството, туку од политичарите. Тој што се огрешил ќе одговара, ние ќе почнеме од политичарите, ветинг за нив, да видиме кој, како ќе се богател додека работел, како преку ноќ стануваат велепоседници во оваа држава, како цути семејниот бизнис. Еве јас се пријавувам прв да има податоци за мене и за моето семејство, но ќе треба сите по ред. Не можеме да правиме држава ако не знаеме кој се богател на маката на народот, зошто не се сите политичари исти, има и чесни луѓе кои ја љубат татковината, кои сакаат да испишат историја. Ние сме многу различни од нив и тоа заедно ќе им го покажеме на 15 јули. И следниот пат ќе зборуваме за отчетот што сме направиле од читанката Проект – Обнова во кој има и 25 проценти повисока плата, но со јасна методологија и план и 20 проценти раст на пензии, и инвестиции …“, рече Мицкоски укажувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ и во вакво тешко време може да направи реформи.

На крајот тој ги повика сите граѓани на 15 јули рано наутро, да излезат и да гласаат да се стави крај на обезличувањето, корупцијата криминалот, а тоа како што потенцираше ќе се направи со заокружување на број 14.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села: 500 милиони евра за ревитализација на албанските населби

Објавено пред

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернативата и кандидатите за пратеници од Шестата изборна единица, денес престојуваа во населбите на општина Теарце. Овие населби долго време имаа проблеми со водата за пиење. Овој проблем е особено актуелен за време на високите температури во текот на летните денови.

Носителот на списокот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, зборуваше за овој феномен и за многуте проблеми на албанските села, на кои им недостигаат основни услови. Села истакна дека во програмата „Држава за сите“ на победничката коалиција АА – ААА предвидени се инвестиции од 500 милиони евра само за албанските населби.

„Ние ќе бидеме имиџ на политичарот што ќе биде избран и го исполнува она што го ветува. Никој од нас нема да слушне празни зборови и големи позиции затоа што нашето политичко дејствување не е само за поединецот како индивидуа. Нашата политика е поврзана со проблемите, проблемите на Албанците, каде и да се. Во нашата програма, ќе видите, предвидени се 500 милиони евра инвестиции за 4 години власт директно за ревитализација на албанските населби“, истакна Зијадин Села од коалицијата АА – ААА пред жителите на Нераште и Доброште.

Села објасни дека програмата е направена директно од барањата и загриженоста на граѓаните бидејќи пред неколку месеци тој самиот ги поминал сите албански села, каде што разговарал со жителите на секое село. Ова, објасни тој, е направено со цел внимателно да се допрат сите проблеми на граѓаните.

Голем проблем за жителите од оваа област е феноменот на концесија на водните ресурси за приватните хидроцентрали на луѓето блиски со партијата што е на власт веќе 18 години.

„Во секоја албанска населба инфраструктурата е направена со приватна иницијатива и воопшто не од државата и инвестиции од државата. Проблемите на Албанците во многу населени места се средновековни. Светот ги реши овие прашања уште во средниот век. До денес Албанците сè уште страдаат за вода за пиење овде во вашата општина. На овие високи температури неделава немате капка вода. Немате капка вода затоа што ние погрешно избравме политичари, кои биле заинтересирани за деловни и лични придобивки. Затоа што пред да обезбедат вода за пиење, тие имаат обезбедено концесии за своите роднини, без да ги прашаат жителите на овие делови и денес тие се проблемот“, потенцира Села во Першевце и Теарце.

Средбите со граѓаните на општина Теарце завршуваат со митинг во Слатино. Граѓаните од овој круг веруваат во понудата на коалицијата АА – ААА бидејќи знаат дека сега е време да се донесе долгоочекуваната промена.

Прикажи повеќе...

Македонија

Али Ахмети: На вистинските наследници на Гоце Делчев не им пречи Албанец премиер

Објавено пред

Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 15 јули, одржа собир кај Камениот мост во Скопје, кој истовремено претставува и симбол на поврзување на албанската и македонската страна, и двајцата со порака за обединување ги повикаа граѓаните за рушење на идеолошките и националистичките ѕидови, кои ги делат народите, и за обединување на сите што веруваат во идеологијата еднаква земја за сите, да дејствуваат за доброто на земјата и на сите граѓани.

Ахмети истакна дека чекор по чекор се прават големите дела и дека секогаш од нивната страна се претставени филозофии и добри и корисни идеи како за Албанците така и за сите граѓани што живеат во Република Северна Македонија.

„Придонесовме во многу важни случувања на земјата, како што е спроведувањето на Охридскиот договор, кој не беше корисен само за Албанците, туку и за другите заедници во земјата, со нашето жртвување, каде што најмногу добија нашите сограѓани Македонци, бидејќи ние на земјата ѝ обезбедивме интегритет и суверенитет, признавање и зајакнување на пријателството со меѓународната заедница. Тоа што беше широко познато како голем проблем на ова земја беше прашањето за името, што резултира со преспанскиот договор, кој ја построи ова земја и ја направи еднаква помеѓу еднаквите и со ова ги победивме сите бидејќи победи мирот“, истакна Ахмети.

Тој рече дека до денес се направени многу достигнувања за Албанците во Република Северна Македонија.

„Од ова место, не далеку од тука, Скендербег нè гледа. Пред 100 години на овој мост поминале Хасан Приштина и Иса Болетини, кои никогаш не ги негираа и другите нации што живееле на овие подрачја. Имало соработка на албанските патриоти со македонските движења и не се каам што сум рекол дека треба да се прифати делчевизмот, значи да се прифати Гоце Делчев, бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на оваа земја, кои прават хомогенизација за едно челично обединување помеѓу нив, само премиерот да не биде Албанец,
нека се враќаат во минатото и ако имаат почит за Гоце Делчев, ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанците со бела капа. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, оваа кандидатура требаше да ги направи среќни“, истакна Ахмети.

Ахмети рече дека кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата туку ќе има и позитивно влијание врз економијата.

„Оваа кандидатура ќе ги зближи и нема да ги подели заедниците и ова не го правиме за демагогија, времето покажа дека министерот за внатрешни работи, за одбрана, претседателот на Собранието, се раководеа од Албанци што ја зајакнаа оваа држава, кои извонредно ги водеа овие институции со одговорност, но со истата одговорност и премиерот Албанец ќе ја води државата и јас сум сигурен дека успешно ќе се соочуваме со сите предизвици. Многу природно и легитимно е да го достигнеме и врвот на државата за да раководиме, денес ја бараме функцијата на премиерот, утре и на претседателот на државата, бидејќи ова е наша земја, наша држава и никој не може да ни ги негира овие права“, заврши Ахмети.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет8 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет9 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ12 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија13 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа14 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија15 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ15 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет16 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија17 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет18 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија18 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија18 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион19 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа19 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет19 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија20 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет20 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија21 час

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион21 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие