Македонија
Полкот за специјални операции демонстрираше врвна обученост на вежба на Криволак
Демонстрирање на врвна обученост, и подготвеност да делуваат за многу кратко време во било какви сложени услови се дел од активностите кои припадниците на полкот за специјални операции (пСО) денес ги покажаа на Армискиот полигон Криволак.
Популарните „волци“ и „ренџери“ изведуваа наменски задачи со експлозивни средства за уништување на препреки, реакција на контакт со употреба на боева муниција од оклопен транспортер во движење.
Денешната вежба е дел од редовните плански активности која ги изведува оваа елитна единица на АРМ во теренски услови. Одличната извежбаност единиците за специјална намена ја покажаа на дело и на најголемите меѓународни воени вежби кои се реализираа оваа година каква што беше „Анаконда 16“.
Во исто време на АП Криволак и Центарот за обука во Пепелиште под раководство на инструктори од пСО, се одржува селективен курс на новопримените професионални војници кои се кандидати за прием на во оваа елитна единица. Привлечноста на оваа единица која се карактеризира со голема самоиздржливост, секогаш пројавува голем интерес меѓу младата популација.
Селекцијата е со цел да се изврши квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должности во специјалните единици на АРМ. Притоа инструкторите вршат постојано следење на особините и карактеристиките на кандидатите како : тимска работа, дисциплина, лојалност, прилагодливост и психичка и физичка издржливост во секакви теренски и временски услови.
По завршувањето на овој напорен курс по справувањето со сите физички и психички препреки само мал број на најупорни, најспособни и најмотивирани кандидати успеваат да ја понесат препознатливата зелена беретка.
Началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски кој присуствуваше на денешните активности беше информиран од страна на командантот на единицата, полковник Орце Јордев за методите и постапките кои се користат во обучувањето за справување со безбедносни предизвици во најсложени ситуации. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

