Македонија
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено на западот на земјата

Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
Утринските температури ќе се движат од 14 до 23 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 23 до 33 степени.Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 20 степени и дневна до 31 степен.УВ индексот ќе иснесува 7.Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд претежно за западот, а во среда и четврток ќе биде стабилно. Од денес температурата на воздухот благо ќе се покачува. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )