Македонија
Повеќе илјади на маршот „Борбата продолжува, гласот победува“
Повеќе илјади луѓе учествуваа во вторникот на маршот под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“, организиран во главниот град Скопје од граѓански здруженија и коалицијата на опозициските партии предводени од СДСМ, како и од невладини прганизации и ткн „Шарена револуција“.
Протесниот марш со учество на граѓани од повеќе градови во земјава и од Скопје започна околу 14 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), вообичаена почетна точка на протестите од пролетва и летото, и продолжи по булеварот „Партизански одреди“ до центарот на Скопје, односно пред Собранието.
Организаторите најавија дека маршот е за достинствен живот, и оти затоа е одбран денешниот празник 11- ти Октомври, ден на почетокот на народноослбодителната борба во Втората светска војна, симболично како предвесник на промените за подобра иднина.
Поворката ја предводеше лидерот на најгоеламта опозицска партија СДСМ, Зоран Заев, придружуван од Зоран Верушевски поранешен челник на разузнавањето, обвинет за шпионажа и уште две дела во случајот „Пуч“, односно за наводно незаконско прибавување и прислушување на граѓани и политички личности носители на власта, кого владејачката партија го обвинува дека ги доставил таканаречените „бомби“, кои Заев ги емитуваше во јавноста и од кои произлегоа случаите против поранешни и сегашни носители на функции со кои се занимава СЈО, кое и на овој протест доби поддршка од приврзаниците на опозицијата.
„Борбата на нашата генерација е да ги вратиме вистинските вредности во општеството”. Актерката и граѓански проопозицски активнист Ирена Ристиќ го прочита манифестот од овој протест и ги повика „сите граѓани, пензионери, борци, студенти, ученици… да се придружат во борбата за слобода и просперитет во борбата за светла иднина“.
„Една е битката за Македонија, се менуваат само генерациите. Доста е! Да ги победиме сите предавници и деспоти! Сите на суд за една нова слободна и народна Македонија. Напред во победа, да се живи сите сојузници на слободата, да живее братството и единството на сите што живеат во оваа Македонија. Смрт на фашизмот, борбата продолжува, гласот победува“, порача. На крајот од настанот од импровизираната говорници пред Собранието по повеќето говорници на учеснциите им се обрати и челникот на СДСМ, кој меѓу другото рече дека маршот претставува „глас кој најавува враќање на слободата, демократијата, правдата, враќање на државата во рацете на граѓаните“.
„Ние граѓаните склучивме сојуз, поединци, групи, граѓански здруженија, шарени, леви партии, Македонци, Албанци, Турци, Срби. Роми, Бошњаци, ние граѓаните на Македонија го кренавме нашиот глас. Се излеавме илјадници, на денот на народното востание, на денот на народната борба, марширавме во чест на скопскиот, прилепскиот, битолскиот, кичевскиот партизански одред. Нашето оружје е нашиот глас. Се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост. Дојде време да ѝ дадеме ветување на Република Македонија“, рече Заев.
Истакна дека денешниот марш бил за да се „врати државата во рацете на граѓаните“.
„Ја одземаме (државата) од фамилијата на Никола Груевски, марширавме за враќање на парите кои ги украдоа. Ќе ги вратиме до денар, сé што украдоа. Денеска марширавме за достоинствени плати од кои ќе се живее, а не ќе се преживува, за задоволни работници и силни претпријатија. Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има сé да вратат“, порача лидерот на најголемата опозицска партија.
Заев вети дека по вонредните парламентарни избори на 11-ти декември, државниот Буџет ќе се полни од парите на граѓаните кои биле украдени и однесени во ткн даночни оази.
„Марширавме за деца да не просат по улици, семејства да не гладуваат, да не плачат по автобуските станици, за покрив над секоја гласа, за здравство кое лечи а нé убива, за државен систем кој помага а нé повредува. И 11-ти октомври 2016 ќе биде врежан со црвено, зошто и генерациите како и тие од 1944-та со својата одлучност, храброст и решителност се кренаа во одбрана ан идеалите, вистина и правдата, во одбрана на нашето достоинство и на нашите деца“, рее Заев и ги повика граѓаните да се приклучат на ова „испишување на историјата, рушење на режим и враќање на слободата“./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.

