Македонија
Повторно пресуда за случајот „Ровер“
Судскиот совет се очекува во среда во 13 часот да ја соопшти пресудата за случајот „Ровер“ во којшто им се суди на десет лица меѓу кои и на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски.
Повтореното судење за случајот за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година, следува откако Апелација го врати на повторно судење и ја оспори првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1.На судењето Бошкоски отворено го изразуваше револтот против судечкиот совет и бараше изземање на судијата Илија Трпков. Својот револт за овој процес, во којшто неколку пати беше отстранет од судницата поради недолично однесување, го објасни со непочитувањето на правната држава од страна на судот.„Имаме докази за телефонски разговори во кои се кажуваат годините и висините на казните. Во скопски кафеани се договара висината на казната, не само за мене, туку и за другите кои се во Идризово. Судот е нем послушник на извршната власт. Јас и кога барав психијатриско вештачење за судијата не мислев никого да навредам, туку да им помогнам на судиите да си ја отворат душата за притисокот којшто им се врши и дека условите за работа се ненормални“, рече Бошкоски во своите завршни зборови.За случајот „Ровер“ им се суди на десет лица, меѓу кои поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски кој првично беше осуден на 12 години затвор за ова дело.Србите Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ, на кои им се судеше во отсуство, добија доживотна казна затвор, Зоран Трајковски, доби 10 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, добија по осум години затвор, Гоце Митревски и Никола Негриевски добија по шест години затвор.Во завршни зборови, Oбвинителството се откажа од гонење на пет обвинети, тогашни помлади инспектори во Секторот за набљудување и документирање при МВР, поради недостиг на докази против нив.Бошкоски е обвинет за помагање на убиството, а моментално ја издржува затворската казна за случајот „Кампања“, во којшто е обвинет за нелегално финансирање на политичката кампања за претседателските избори во 2011 година./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

