Македонија
Пожарникарите добиваат бенефициран стаж
Пожарникарите добиваат бенефициран стаж и статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата, објави премалку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук.
Статусот на пожарникарите е решен со закон, што беше нивно барање пред Груевски за време на неговата теренска посета во Охрид во ноември минатата година.
„За време на теренската посета во Охрид која ја имав во ноември минатата година, во рамки на која имав редовни средби со граѓани, вработен во територијалната противпожарна единица ја истакна потребата од законско допрецизирање и регулирање на статусот на пожарникарите во Република Македонија. Тоа беше доволна причина, но и аларм да се изанализира состојбата и да се понуди квалитетно решение“, пишува Груевски.
Појаснува дека е со решението кое беше преточено во закон, а кое овој месец стапува во сила се реши барањето на вработените во сите територијални противпожарни единици кои сега добиваат статус на овластени службени лица од областа на безбедноста што е унапредување во однос на позицијата.
„Со ова се овозможува и поголема заштита при извршувањето на нивните исклучително одговорни и значајни работни задачи и добивање на бенефиции и овластувања кој ги носи повисокиот статус. Покрај ова со законските измени, а согласно комплексноста, тежината и опасноста на работните задачи на пожарникарите, истите добиваат и бенефициран стаж, односно за секои 12 месеци ефективна работа ќе се сметаат 15 месеци стаж на осигурување. Имајќи ја во превид комплексноста на задачите кои ги обавуваат, како и ризикот на кој се изложуваат со оваа најнова измена практично се нуди долгорочно решение во корист на пожарникарите“, пишува Груевски на Фејсбук./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

