Македонија
Пратениците не менуваат мислење поради подобра аргментираност
Јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за дел од законските решенија во Собранието ако се земе во предвид фактот дека голем дел од точките од дневен ред на собраниските седници поминаа со мала и еднострана или без никаква дискусија, во март.
Ова се дел од наодите во осмиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 1 до 31 март 2015, што ја изработи Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).
Во публикацијата стои дека пратениците на набљудуваните седници во март најчесто ги образложувале своите позиции со по два и повеќе аргументи, а намален е процентот на образложенија со по еден аргумент. Во 17 отсто од дискусиите образложенијата се оценети како “слаби” односно без целосни аргументи.
Пратениците повторно останале во своите „ровови“. Забележани се само два случаи кога пратеници ја промениле позицијата, но без образложение од кои причини го прават тоа. Не е забележан случај пратеник да ја промени позицијата поради поквалитетни аргументи изнесени во расправата.
Опозицијата, претставена од само десет пратеници, го намали уделот во дискусиите од 29 отсто во февруари на 16 отсто во март што е втор најнизок удел од почетокот на мониторингот. Бројот на дискусии од страна на пратениците жени во март бележи пад за разлика од февруари. На пратениците жени во март отпаѓаат 48 отсто од сите набљудувани дискусии, споредбено со 57 отсто во февруари.
Пратениците најмногу дискутирале околу пратеничките прашања, предлогот на Закон за водостопанство, предлогот на Закон за изменување и дополнување на законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и за предлог Законот за издавање на вредносни бонови- ваучери.
„Голем дел од точките од дневниот ред поминаа со мала и еднострана или без никаква дискусија. Со сето ова заклучокот е дека јавноста повторно остана посиромашна за квалитетна дебата за дел од законските решенија“, ова се дел од наодите во осмиот извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот од 1 до 31 март 2015.
Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

