Македонија
Пред Анкетната ќе сведочи Зоран Ставрески

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Стварески, во четврток, треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушување.
Тој не се појави на првично одредениот датум, но достави писмено известување дека ќе биде во можност на 17 декември да сведочи пред Анкетната, па затоа се очекува денеска тој да се појави во Собранието.Во понеделникот, повеќе од пет часа, на прашања на членовите на Комисијата одговараше премиерот Никола Груевски, што е и првиот и единствениот кој се појавил и сведочел од неколкуте сведоци кои Комисијата ги повика да сведочат за скандалот со прислушување.До сега пред комисијата не се појавија поранешните министри за внатрешни и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, ниту поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Не се појави ниту советникот на премиерот Мартин Протуѓер. Сите овие ниту се појавија, ниту, пак, известија дали и кога би се појавиле. Тие можат до три пати да бидат повикани за сведоци.Од СДСМ најавија дека Зоран Заев ќе биде првиот сведок од нивната партија што ќе сведочи за скандалот, и дека неговото сведочење ќе биде јавно.Во среда, Комисијата формира две работни групи за посета на институции кои се во рамките на нејзините надлежности./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи, состојбата во Трубарево е под целосна контрола, уверуваат надлежните

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево.
Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, ги презентираа првичните информации.
Надлежните институции информираа дека екипи биле на терен од првиот момент, презеле соодветни мерки и редовно ја известувале јавноста.
„Опожареното место е затрупано со песок за да се спречи понатамошно тлеење на опасни материи. Очекувањата се, официјалните лабораториски резултати да бидат достапни до петок.
Мираковски посочи дека тимот од лабораторијата АМБИКОН при УГД – Штип веќе поставил мерни станици за мониторинг на квалитетот на воздухот и дека во рок од една недела ќе се добијат првични резултати.
Министерството, додаваат од таму, ќе ја информира јавноста веднаш по добивањето на сите анализи.
Македонија
Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донел одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопштија од неговиот кабинет.
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.
Наредбата стапува на сила веднаш“.
Македонија
Граѓаните беа навреме известени за евакуација, СДС и Филипче без аргументи создаваат магла и лажни скандали, вели Митева за пожарот во Трубарево

Гледам денес Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика, кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, пишува во објава на социјалните мрежи Марија Митева, портпаролка на Владата во врска со пожарот во Трубарево.
„Прво, да расчистиме една основна работа. Евакуацијата е процедура што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се создава наратив за наводна хаотична или недоволна реакција – тоа е ништо друго освен свесно ширење паника.
Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека токму Филипче, човекот кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем од провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности денес да зборува за морал и да бара оставки. Тоа е навреда за колективната меморија на граѓаните“.
Според неа, апсолутно е невидена хипокризија партијата која повеќе од седум години имаше апсолутна контрола врз секторот за животна средина, како што вели, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца за која зборуваат е издадена во 2021 година.
„Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен ниту заборавен.
Одговорот е јасен, немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку спинови да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.
Како опозиција се обидуваат да одржат политичката релевантност единствено преку создавање лажни скандали и конфузија. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап го дефинирам како деструктивен и опасен, затоа што не им штети на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот.
Затоа, ваквите изјави никогаш нема да имаат политичка тежина“, додава Митева во објавата.