Македонија
Претседателот Иванов ќе и врачи „Орден за заслуги“ на МРТВ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петок ќе ја одликува Македонската радиотелевизија, со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија.
Македонската радиотелевизија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“, за исклучителните резултати во негувањето, во презентирањето и во промовирањето на духовните вредности и културното творештво на Република Македонија и нејзина афирмација во светот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина

Во моментов пред болницата Св. Наум Охридски се читаат имиња на повредените и ги пуштаат родителите да ги видат во групи од по неколкумина.
Црвениот крст донесе вода.
Рампите за паркинг се кренати, паркирањето е бесплатно.
Во оваа болница се хоспитализирани 29 пациенти.
Сиљановска Давкова во изјава за медиуми пред „Св.Наум Охридски“ изрази уверување дека повеќето што се повредени ќе се спасат.
-Ништо не можам да кажам, страшно. Знам дека тоа се млади храбри луѓе. Верувам дека повеќе од нив ќе се спасат лекарите се тука. Не можам да сфатам како е можно ова се случи, рече Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека ја споделува болката со родителите, додајќи дека не може да поверува како ова се случило.
-Ова е нешто мора однапред да се предвиди, бидејќи не е првпат да сме се соочиле со вакво нешто, рече Сиљановска Давкова.
Македонија
Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Oпштина Гази Баба во координација со Владата на Република Македонија, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба
Македонија
Во моментот 118 лица се згрижени низ болниците во државата, вели Таравари

Министерот за здравство Арбен Тараври кажа дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, а била понудена помош и од држави од соседството.
„Во моментов 118 лица се згрижени низ болниците во државата – во Кочани, во Штип, во болнците тука. Сега одиме во Клиничка болница на хирургија и на Карил да видиме каква е состојбата. Неколку има на Пластична хирургија на детска хирургија. Сите детални информации ќе ви ги дадеме. Тоа што е најбитно дека нема пациент којшто не е тријажиан, што не е сместени низ болнците во државата. Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам дека ќе дадеме максиум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на коишто им се случила трагедијата“, изјави Таравари.
Тој најави дека повеќе информации ќе даде откако ќе добие податоци од клиниките во однос на видот на повредите и дали некој од хоспитализираните во меѓувреме им подлегнал на повредите.
Рече дека засега се во комуниакција со државните болници, бидејќи нема потреба за тоа. Била понудена помош и од соседните земји.
„Министерот за здравство на Бугарија се јави дека се подготвени за се што треба. Евентуално ако има потреба тука се за да ни помогнат“, изјави Таравари, додавајќи дека засега државните болници се добро организирани и нема потреба од странска помош.
По посетата на Ургентниот центар најави дека ќе замине за Штип, а од таму за Кочани за да добие точни информации.