Македонија
Притвор за едно лице уапсено во акцијата во случајот „фабрика за афери“
За едно од лицата кои во четврток, во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор.
Лицето се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство.Тројца од петтeмина лишени од слобода, по оцена на обвинител и согласно на досега утврденото, не се задржани во полициска станица.Петтото лице е задржано и јавноста дополнително ќе биде известена за одлуката која во постапувањето ќе биде донесена од страна на Обвинителството.Имено, во акцијата беа уапсени пет лица поврзани со случајот познат во јавноста како „Фабрика за афери“, соопштија од Јавното обвинителство.Претресот бил извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.Медиумите објавија дека утрово биле уапсени двајца браќа и сестрата на осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи Захир Бекири Чаушот.Откако неделникот „Фокус“ објави дека се откриени две тајни локации каде се изработувале фалсификувани лични карти, Скопското Обвинителство соопшти дека е откриена е тајна работилница каде се вршело фалсификување на документи.Обвинителство тврдеше дека при претресот во домот на Захир Бекири пронајдени биле обрасци за патни исправи, лични карти и други документи, како и опрема за фалсификување, преси, секачи и друго.Потоа Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени три лица за кои постои сомневање дека фалсификувале лични исправи, меѓу кои и Бекири.Никој од приведените не беше задржан во притвор, освен третото лице кое е испратено на дослужување на стара казна затвор./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

