Македонија
Професор Лабовиќ добитник на престижна светска награда од областа на владеење на правото
Професорот на д-р Миодраг Лабовиќ, од Факултетот за безбедност Скопје, е победник во конкуренција за престижната научна награда на светско ниво, во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата
Минатиот петок во кралската дворец „Хофбург“ во австриската престолнина Виена, во организација на Центарот за владеење на правото и анти-корупција при владата на Катар, под покровителство на агнецијата на Обединетите нации – UNODC, беа доделени награди во четири категории за борба против корупцијата. Во една од најреспектабилните категории за врвни научни достигнувања во областа на владеење на правото и анти-корупцијата – добитник на оваа високо престижна награда на светско ниво во конкуренција на научни истражувачи од многу земји во светот е проф. д-р Миодраг Лабовиќ.
Големата конкуренција на врвни професори од најреномираните светски универзитети, како што се Сорбона од Париз, Универзитетот во Монтреал, Универзитетот во Торонто, Универзитот во Сиднеј- Австралија, Школата за право во Лондон, В. Британија и многу други универзитети од цел свет, беше оценувана и споредувана на две нивоа.
Првото ниво, Advisory Assesment Board, составен од седум члена инаку високо реномирани научници и експерти од различни континенти и региони во светот, ги оценуваа научните достигнувања на кандидатите, меѓу кои што освен индивидуални научници имаше и конзорциуми на научни институции.
Второто ниво на оценување го вршеше High Level Committee, исто така, составен од седум члена на високо реномирани академици и експерти.
Научната награда на победниците лично им ги доделија досегашниот генерален секретар на ООН, Бан Ки-мун, како и емирот на државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.
Ова признание кое во научниците се смета за своевиден еквивалент на нобеловите награди, покрај признанието повлекува и паричен износ од 250.000 американски долари./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

