Контакт

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност: попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Делови од Бутел денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. Боца Иванова, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис Дон, општина Бутел;

– во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Душко Поповиќ, Томе Пуре и Боца Иванова, општина Бутел;

– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Александар Турунџиев и Рокомија, општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јавното обвинителство го промовира новото лого

Објавено пред

Од

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство.

„Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и институционалната стабилност, додека златната боја упатува на достоинство, авторитет и вредностите врз кои се темели правдата“, велат од Обвинителството.

Појаснуваат дека создавањето на новото лого не било замислено како воведување само на нов графички симбол.

Целта била во еден единствен визуелен знак да се претстави целата обвинителска организација, нејзината структура, поврзаност и заедничка мисија во заштитата на законитоста и јавниот интерес.

„Во самиот центар се издига мечот, што симболично го претставува Јавното обвинителство на Република Северна Македонија како носечки столб на обвинителската организација и гарант на нејзиното единствено и координирано функционирање. Поставен е исправено и насочен нагоре како будност, одлучност и постојана подготвеност за заштита на законитоста, јавниот интерес и владеењето на правото. Од двете страни на мечот се наоѓаат тасовите на вагата која е универзален симбол на правдата, непристрасноста и еднаквата примена на законот. Таа ја претставува заедничката цел кон која е насочена работата на севкупната обвинителска организација. Врвките што ги држат тасовите на вагата симболично ги претставуваат вишите јавни обвинителства и нивната улога како важна алка што ги поврзува различните нивоа на обвинителскиот систем и придонесува за неговата стабилност и функционалност. Околу нив се распоредени 23 ѕвезди што ја претставуваат мрежата на основните јавни обвинителства низ државата. Тие се темелот на системот и местото каде што граѓаните најчесто се среќаваат со работата на обвинителството“, соопштија од ЈОРМ.

Во централна позиција е поставена ѕвездата што симболично го претставува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Нејзината големина, велат од ЈОРМ е идентична со останатите ѕвезди, што ја нагласува еднаквата важност на сите основни јавни обвинителства во системот, додека нејзината централна поставеност ја одразува специфичната надлежност на ова обвинителство, која се протега на целата територија на државата.

„На овој начин, сите нивоа на обвинителската организација се обединети во еден единствен знак, кој во целина наликува на европските симболи и го одразува европскиот дух и аспирациите на институцијата да ги достигне европските стандарди на владеење на правото“,се наведуваво соопштението,

Логото беше промовирано денеска во Скопје на конференцијата „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, организирана во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“

Прикажи повеќе...

Македонија

Слаткар се откажа од парите од Агенцијата за филм: Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари

Објавено пред

Од

Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што ќе се снима за него ќе се реализира без парите што му ги додели Агенцијата за филм. Тој вели дека ниту барал, ниту него му се дадени пари. Појаснува дека поддршка добил документарен филм што преку неговиот живот зборува за многу повеќе од него.

„Деновиве читам секакви коментари и вести. И повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.

Сакам една работа да биде јасна… ниту барав, ниту мене ми се доделени пари.
Поддршка доби документарен филм и еден многу посветен тим кој веќе две години работи на приказна што преку мојот живот зборува за многу повеќе од мене.

И искрено сум благодарен на Комисијата од @filmagency.northmacedonia која ја препозна важноста на оваа тема. Но, не сакам проектот кој зборува за разбирање, прифаќање и поддршка да започне со поделби.
Затоа одлучивме филмот да се реализира без средствата доделени од Агенцијата за филм.

Продолжуваме понатаму… Заедно со сите наши поддржувачи, соработници и пријатели на кои сум им неизмерно благодарен.
И со најважната поддршка од вас луѓето кои ме сакаат, почитуваат и ценат ❤️

Светот ќе го чуе гласот на најтивките 💯
Се гледаме на премиера 💪“, објави Слаткар на Инстаграм.

Одлуката на Слаткар следи по реакциите во јавноста откако беше објавено дека Агенцијата за филм финансиски го поддржа снимањето на документарниот филм „Слушни ме!“ на Рaдован Петровиќ кој е биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој ја отвора темата за лицата со говорни и комуникациски потешкотии и нивното место во општеството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 секунди

Делови од Бутел денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот,...

Свет10 минути

Иран им се закани на САД: Ќе платите висока цена

Иранската револуционерна гарда ги предупреди САД дека ќе платат „висока цена“ за нарушување на безбедноста на Ормускиот теснец. Предупредувањето дојде...

Свет20 минути

САД започнаа напади врз иранскиот остров Кешм

Американските сили започнаа напади врз иранскиот остров Кешм, во она што Централната команда на САД (CENTCOM) денес го нарече чин...

Свет30 минути

(Видео) Сирени во Бахреин

Сирени се огласија во Бахреин во раните утрински часови во среда. Министерството за внатрешни работи на земјата ги повика граѓаните...

Свет31 минута

(Видео) Американската војска со проектил погоди танкер што се движеше кон Иран

Американската војска испали ракета „Хелфаер“ кон танкер кој пловеше кон Иран, како дел од блокадата на иранските пристаништа наметната од...

Свет35 минути

(Видео) Кувајтската војска пресретнува ракетни и напади со дронови

Кувајтската војска рано во среда соопшти дека нејзината воздушна одбрана пресретнува „непријателски ракетни и беспилотни напади“. Генералштабот на војската во...

Македонија43 минути

Сончево со мала до умерена облачност: попладне локална појава на нестабилност со пороен дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и...

Македонија10 часа

Јавното обвинителство го промовира новото лого

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од...

Македонија10 часа

Слаткар се откажа од парите од Агенцијата за филм: Ниту барав, ниту мене ми се доделени пари

Марко Маринковиќ Слаткар објави дека филмот што ќе се снима за него ќе се реализира без парите што му ги...