Македонија
Првообвинетиот во „Шпион“ во жалбата тврди дека обвинението го нарачале две лица од УБК
Првообвинетиот во случајот „Шпион“,Маријан Ефремов, кој со првостепената пресуда е осуден на 15 години затвор, во жалбата смета дека овој случај е политичко – полициски монтиран и ги навел имињата на две лица вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, кои според него го нарачале обвинението.
По неколку месеци одложување, во четвртокот во Апелациониот суд во тек е јавна седница за овој случај на којшто се разгледуваат жалбите на првостепната пресуда за случајот.Во судницата како застапници на обвинението се појавија обвинителките од Специјалното јавно обвинителство, Елизабета Јосифовска и Ленче Ристовска откако СЈО ја презеде надлежноста за овој случај и треба да дадат свое мислење по однос на жалбите на обвинетите. Судијата известител, Зоран Димитриевски, неколку часа ја читаше пресудата и жалбите на обвинетите. Потоа жалбите треба да ги образложат адвокатите и обвинетите, а потоа СЈО да даде свое мислење. Отако СЈО го презеде овој случај одбраната очекува пресудата да се укине, бидејќи според нив, има многу суштествени повреди и погрешно утврдена фактичка состојба. „Основно повредено е правото на одбраната, нас не ни беше доставена ни првостепната пресуда од судечкиот судија. Можете да замислите како се одвивало судењето. Но она што е најинтересно, суштината е дека се давале информации за луѓе партиски функционери и други лица на странски разузнавачки служби. Во ситуација кога нашето МВР има германски компјутери, американска помош и сето тоа , тие информации им се достапни буквано на сите, а најголем број на информациите за кои обвинува обвинителството се достапни и се од јавен карактер“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, кој е адвокат во овој случај.Во случајот „Шпион“ обвинети се 18 лица. Според пресудата која е напишана на повеќе од 1.000 страници, Ефремов организирал криминална група која давала информации за функционери, партиски личности, за радикалниот ислам во земјава и други состојби на унгарската и на грчката тајна служба. Обвинетите се товарат за злосторничко здружување, уцена и шпионажа. Дел од овој предмет беше и новинарот Зоран Божиновски но постапката за него беше одвоена бидејќи тој не беше достапен за органите на прогонот. Судењето на Божиновски требаше да се одржи денеска, но е одложено за крајот на овој месец, затоа што Основниот суд Скопје 1- Скопје не може да ги добие доказите бидејќи предметот „Шпион“ е на јавна седница во Апелациониот суд./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Визер“ привремено ги прекинува летовите кон повеќе дестинации на Блискиот Исток
Авиокомпанијата „Визер“ соопшти дека поради неодамнешната ескалација на безбедносната состојба во Иран ги суспендира сите летови кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби, Аман и Саудиска Арабија, заклучно со 7 март.
Од компанијата информираат дека континуирано ја следат состојбата и се во постојан контакт со локалните и меѓународните власти, агенциите за безбедност во воздухопловството и други релевантни институции. Во зависност од развојот на ситуацијата, можно е да бидат донесени дополнителни оперативни одлуки и да дојде до измени во распоредот на летови.
„Визер“ наведува дека ќе ги информира патниците за сите очекувани промени што е можно поскоро. Патниците кои направиле резервација преку трети страни треба да се обратат директно до нив за дополнителни информации.
Од компанијата нагласуваат дека безбедноста и сигурноста на патниците, екипажот и авионите останува нивен највисок приоритет. Патниците со засегнати резервации ќе бидат директно контактирани со информации за достапните опции.
Македонија
Општина Илинден објави јавен повик за субвенционирање на велосипеди
Општина Илинден и оваа година објавува Јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипеди, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани за 2026 година.
Со мерката се предвидува еднократна парична помош за жителите кои имаат постојано место на живеење на територијата на општината, а кои ќе набават нов велосипед во периодот од 02 март до 30 април 2026 година.
Целта на повикот е поттикнување на користењето велосипеди како еколошко превозно средство, како и унапредување на сообраќајната култура и заштитата на животната средина.
Финансиската поддршка изнесува 50 проценти од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Барањата ќе се разгледуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, односно според датумот и времето на нивното пристигнување.
Сите дополнителни информации заинтересираните граѓани можат да ги добијат на официјалната веб страница на Општина Илинден ([email protected]), како и во просториите на Општината.
Македонија
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари
Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши.
Бруто платата за 2025 година беше 36.037 денари, а за 2026 година е 38.507 денари бруто односно 26.046 денари нето.
Дурмиши кажа дека со ова, платата се зголемува за 2.470 денари бруто односно за 1.667 денари нето.
Дурмиши појасни дека усогласувањето на минималната плата се врши секоја година во март врз јасно утврдена формула, 50 отсто од порастот на просечната нето плата исплатена од минатата година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот според официјалните податоци од Ддржавниот завод за статистика.
Според објавените податоци, просечната исплатена нето плата бележи пораст од 9,6 проценти, додека индексот на трошоците за живот бележи пораст од 4,1 процент.

