Македонија
Работната група за излез од политичката криза заврши со одморот
Работните групи на четирите политички партии ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА по двонеделната пауза, од утре, според договорот од Пржино, почнуваат со работа, а најпрво ќе се зафатат со темелна реформа на изборниот законик.
Предвремените парламентарни избори се договорени за април 2016 година, а дотогаш треба да се решат многу договорени промени содржани и во извештајот на експертот Рајнхард Прибе.
Во понеделник ќе почнат да се договараат промените во изборниот законик и секако, прочистувањето на избирачкиот список.
Најголем интерес во јавноста има за законското решение за специјален јавен обвинител и начинот на кој тој ќе биде избран. Треба да се утврди и процедурата како партиите ќе ги предлагаат кандидатите кои сметаат дека се соодветни за тоа место, а потоа, најдоцна до 15 септември, во Собранието, треба да се избере специјалниот обвинител.
Премиерот Никола Груевски, деновиве изрази оптимизам за запазување на роковите од Договорот во Пржино па рече дека доколку опозицијата е конструктивна како нив, навреме ќе заврши процесот за избор на специјален јавен обвинител и состав на ДИК.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев предупреди дека нема отстапки. Тие се враќаат во парламентот на 1 септември за да го изгласаат договореното, особено со акцент на избор на специјален јавен обвинител, и овозможување тој да може не само да биде избран туку и да сработи.
„Остануваме посветени во имплементирање на договорот и очекуваме дека без оглед дали постои или не постои волја или желба за исполнување или волја и желба за неисполнување на договорените обврски, дека тој договор ќе биде исполнет во целост“, рече деновиве и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. .
Двонеделната пауза беше искористена за средби на претставници на политичките партии со амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

