Македонија
Рамковниот договор се користи за вработување во администрацијата
Охридскиот рамковен договор по петнаесет години од неговото потпишување за некои претставува само основа за вработување на Албанци во администрацијата, иако тоа со него треба да им се овозможи и на припадниците на другите етнички малцинства во Македонија, како Срби, Бошњаци, Роми и други, смета вицепремиерот Муса Џафери.
На презентацијата на анализата на Охридскиот рамковен договор на која присуствуваа и новата шефица на мисијата на ОБСЕ, Нина Соумалајнен и Питер Фејт од Институтот за мир, беше речено дека анализа на вакви договори се прави во сите држави во кои имало конфликт кој завршил со договор, а тоа треба да придонесе за побрза интеграција на Македонија во Европската унија. „ОРД не е нешто што е уникатно. Анализа на договори се прави и во други земји каде имало конфликти и завршиле со договор. Од корист на Македонија и е да се изврши една ваква анализа , за како во огледало да видиме што сме направиле“, рече Фејт. „Партиите не гледаат исто на Охридскиот рамковен договор и тие се поделени по етничка основа. Во различни политички партии делуват поединци, атие имаат различни ставови. Оние кои тврдат дека ОРД е мртов сакаат само да заработат политички поени“, рече Џафери. Појасни дека некои мислат дека имплементацијата на ОРД требало да заврши уште во 2004 година, кога и се формираа првите мултиетнички полициски патроли, но тој вели дека тоа билосамо почеток. Џафери вели дека не треба да се разбираме со слушалки, туку дека треба да го знаеме јазикот на другиот, затоа што тоа значи напредок во толеранцијата на различноста, а јазикот секако, ја претставува и културата и идентитеот на другиот. „Барем во рамки на администрацијата, треба да се знае јазикот на другиот“, рече Џафери. Тој призна дека не се знае точната бројка вработени во јавната и државната администрација, но дека во втората е многу полесно тоа да се менаџира. Сепак, рече, дека не може имплементацијата на ОРД да се сведе само на бројки. „Може да ги изброиме хигиеничарките, портирите и чуварите, и тоа не е вистинска имплементација“, додаде Џафери, кој потенцира дека не само Албанците се опфатени со овој договор туку и претставниците на другите малцински заедници во македонија. „Да се реши еден конфликт може, но да се имплементира договореното е работа на Владата, но и обврска на сите граѓани. ОРГ е договор поставен на многу добра основа и може да ја однесе земјата на патот на интеграцијата во ЕУ“, рече Соумалајнен.Сите учесници во дебатата се сложија дека спроведувањето на Охридксиот рамковен договор е еден од главните столбови на следниот Извештајот за напредокот на земјава на патот кон евроинтеграциите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

