Македонија
Распоред на работа на нефролошките амбуланти низ Македонија
Во изминатите четири месеци во Република Македонија континуирано функционираат 10 специјализирани нефролошки пунктови амбуланти, со цел рано откривање и превенција на хроничната бубрежна болест.
Прегледите во амбулантите се бесплатни за пациентите, а матичните лекари ги упатуваат пациентите на преглед во амбулантите во зависност од проценетата бубрежна функција преку лабораториски анализи.
Во продолжение е распоред на работа на нефролошките амбуланти низ Републиката:
Нефролошката амбуланта во Здравствена станица ЖЕЛЕЗАРА, работи секој петок од 8.00 до 14.00 часот. Во текот на следниот месец амбулантата ќе работи според следниот распоред: Д-р Христина Шалтановска (07.11), д-р Светлана Д.Цветановска (14.11) и д-р Весна Здравковска (28.11), додека во декември амбулантата ќе функционира според следниот распоред – д-р Христина Шалтановска (05.12), д-р Весна Здравковска (12.12), д-р Елизабета Солева (19.12) и д-р Светлана Д.Цветановска (26.12).
Во рамки на Клиничка болница Битола, нефролошката амбуланта функционира секоја среда, со термини од 07:50 до 14:30 часот. Во оваа нефролошка амбуланта работи д-р Јорго Бошев.
Во Клиничка болница Штип, нефролошката амбуланта работи секој вторник, од 09:00 – 11:00 часот, со следните 2 доктори: д-р Моника Нашкова (првите 2 недели од месецот) и прим. д-р Славе Димитров (вторите 2 недели од месецот).
Во Заводот за нефрологија Струга, нефролошката амбуланта работи секој ден и тоа, од понеделник до четврток од 8:30 до 12:30 часот, додека во петок од 9:00 до 12:30 часот.
Нефролошката амбуланта при Општа болница Прилеп, работи еднаш неделно, од 08:00 до 14:00 часот, а за претстојните два месеца, до крајот на годината, утврден е следниот распоред: 04.11.2014 (вторник) – д-р Жарко Митревски, 12.11.2014 (среда) – д-р Трајче Ржаниковски, 19.11.2014 (среда) – д-р Мате Дамјановски, 27.11.2014 (четврток) – д-р Жарко Митрески, 02.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески, 09.12.2014 (вторник) – д-р Трајче Ржаниковски, 16.12.2014 (вторник) – д-р Жарко Митрески, 23.12 и 30.12.2014 (вторник) – д-р Мате Дамјаноски.
Во рамки на Клиничка болница Тетово, нефролошката амбуланта работи секој четврток, од 09:00 до 15:00 часот, прегледи вршат следните доктори: од 09:00 до 11:00 часот д-р Роза Филиповиќ, од 11:00 до 13:00 часот д-р.Снежана Матовиќ и од 13:00 до 15:00 часот д-р Миталип Касами.
Нефролошката амбуланта во Општата болница Струмица, во текот на месец ноември ќе работи секој понеделник, од 10:00 до 15:00 часот, прегледите ги врши д-р Ели Карчева Сарајлија, а во текот на месец декември, секој вторник од 10:00 до 15:00 часот, прегледите на пациентите ги врши д-р Драган Кацарски.
Во нефролошката амбуланта при Општа болница Велес, д-р Владислава Христова работи секој вторник од 09:00 до 11:00 часот, а д-р Маргарита Алчева работи секој четврток од 18:00 до 20:00 часот.
Во Општата болница во Кочани нефролошката амбуланта работи од 08:30 до 16:00 часот, а прегледите ги врши д-р Борка Панова. Во претстојните два месеца, амбулантата ќе работи по следниот распоред: 04.11.2014 (вторник), 12.11.2014 (среда), 20.11.2014 (четврток), 24.11.2014 (понеделник), 02.12.2014 (вторник), 10.12.2014 (среда), 18.12.2014 (четврток) и на 24.12.2014 (среда).
Во Здравствен дом-Делчево во следните два месеца нефролошката амбуланта работи функционира во текот на цела недела од 12:30 до 14 часот, а амбулантата ќе функционира според следниот распоред:
Д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (04.11), д-р Билјана Велиновска- среда (12.11), д-р Софија Станоева-Стојановска – вторник (18.11), д–р Билјана Велиновска –среда (26.11), д-р Софија Станоева Стојановска –вторник (02.12), д-р Билјана Велиновска – вторник (09.12), д-р Софија Станоева Стојановска- вторник (16.12), д-р Билјана Велиновска-вторник (23.12) и д-р Софија Станоева Стојановска – вторник (30.12).
Раното откривање на хронична бубрежна болест е главен предуслов за успешно спречување на губењето на функцијата на бубрезите.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

