Македонија
Редуциран влезот на мигранти од Грција поради дефект на пругата во Словенија

Македонија од вторникот привремено го редуцира влезот на мигранти на јужната граница со Грција поради дефект на железничката пруга во Словенија, потврдуваат за Макфакс од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека Словенија испратила известување до сите земји кои се наоѓаат на балканската рута кадешто минуваат мигрантите, меѓу кои Хрватска, Србија и Македонија да го редуцираат пропуштањето на мигранти за да не се трупаат луѓе поради дефектот на меѓународната пруга. Утрово грчките медиуми јавија дека неутралната зона меѓу Грција и Македонија е затворена за премин во реонот на граничниот премин Идомени и не пропуштаат ниту бегалците од Ирак, Авганистан и Сирија, земји кои се сметаат за воени зони.Македонија во ноември го намали протокот на мигранти и, како и другите земји на Балканот, почна да ги пропушта само бегалците од воените зони, додека бегалците од дригите земји ги смета за економски мигранти.Во вторникот издадeни 2.300 потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Од 1 јануари досега низ Македонија минале 35.917 странски државјани./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граната извадена од езерото кај Пештани

Граната била извадена пред два дена од водите на Охридското Езеро, на плажа во Пештани.
Полицијата од Охрид утроово соопшти дека локацијата била обезбедена, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка.
Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.