Контакт

Македонија

(Видео) Слупчане без и со струја: Гнев кај жителите, штети имаат и тие кои плаќаат сметки, еден упати и повик да се запали ЕВН

Објавено пред

Нервоза и гнев имаше денеска кај жителите на кумановско Слупчане кои останаа 24 часа без струја. Додека траеја преговорите на ниво Слупчане-Општина Липково-Министерство за економија-ЕВН. Eкипата на „Макфакс“ беше во селото. Жителите немаа разбирање за екипите на Електродистрибуција. Имаше такви кои редовно плаќаат давачки кон компанијата, како и други кои имаат заостанати сметки. Заедничко им беше што сите останаа во темница. Жител, повика и да се запали ЕВН, бидејќи смета дека се виновни што немаат разибрање за нив. Локален кафанџија посочи дека трпи штети што струјата е исклучена без никаква најава, а тој ги има сите сметки платени. Претставникот на Слупчане на состаноците во Липково кажа што се случувало во текот на преговорите.

dobivaj vesti na viber

„Од 1000 луѓе има 10 вработени. Од што да платиме струја? Нема ништо. Функционираме без струја, на свеќи, нема вода. Или да се запали оваа држава или да се најде решение. Не може цело село без струја. Не само нашето село, туку и другото и третото. Штетата ќе биде голема ако нема уште долго струја. Има луѓе што плаќаат струја, малку се тие кои немаат за да платат. Јас на работа не сум, имам студент. Од што да платам струја? Јас мислам дека државата не разбира ништо. Државата треба да ја запалиме, да разбира – тешко. ЕВН треба да ја запалиме како што ја запалија во Бугарија. Нив треба да ги запалиме. Тие се криви. Како што ги запалија во Бугарија. Тука треба како во Франција, ќе правиш милијарда штета на државата, нека мислат после што ќе прават. Сегде поевтини струјата, овде ја кренаа цената“, рече гневен жител.

Во Општина Липково имало и состанок. Претставник на Слупчане, кажа за што ќе се дискутира со директорот на КЕЦ Куманово на ЕВН, жители и градоначалникот. Претходно, министерот за економија, Крешник Бектеши, помогнал да се смират ЕВН и Слупчане.

„Се јавивме на министерот за економија, тој побара ние да гарантираме за овие работи и ние затоа гарантиравме. Разговаравме со директорот од ЕВН за точки кои се во интерес на жителите. Донесовме заклучок да дојдат да пуштат струја“, рече Абдула Абази.

Но штета од 24 часовниот прекин има. Локалниот кафанџија Исеини посочи дека сите сметки му се платени, а тој е без струја. Покажа сметки, но и фотографии од кујната. Рече дека штетата за еден ден му е минимум 700 евра бидејќи не можел да приготвува храна.

„Имам четири фрижидери со месо. Ако тоа се расипе? Каде да се жалам? Се ми е платено. Научија да викаат ‘Крадат, крадат во село’. Никој не краде. Колку добиваме сметка, толку плаќаме. Јас имам пари, плаќам. Кој нема – нема. Душата ли да им ја земеш? Младите тука не работат. Нека дојде државата види. Е сеа плати.. Толку има, продава две кила компири за да плати“, рече кафанџијата.

Екипи на ЕВН ја вклучија струјата. Тие не беа нападнати, ниту попречени.

Македонија

Средба на министерот Муцунски со Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово го прими Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта Франческо Саверио Џусти.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштуваат од Министерството, за време на разговорот било изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Министерот Муцунски изрази благодарност за досегашните реализирани донации заедно со организираните хуманитарни акции кои оставаат траен белег во зацврстувањето на меѓусебните односи.

Во разговорите со својот соговорник, министерот Муцунски ги поздрави континуираните заложби на Суверениот Воен Ред на Св. Јован од Ерусалим, Родос и Малта на меѓународната сцена, посебно вреднувани заради вековните заложби за воздигнување на хуманоста и меѓусебното разбирање.

На средбата беа разменети мислења за можностите за потпишување на рамковен договор за соработка кој би можел да овозможи зголемена соработка во повеќе области кои се во согласност со природата на работата на Редот, како здравство, социјална работа, хуманитарни активности, соопшти Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

АХВ со апел: граѓаните за пронајдена угината водна птица да ја известат агенцијата

Објавено пред

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.

dobivaj vesti na viber

Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи ,не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.

Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип, информираат од агенцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полициска потера по гостиварец: при обидот да избега од „мерцедесот“ фрлил автоматската пушка со вграден бајонет, се спроведува истрага, побаран е притвор

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за едно лице дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 30-годишен гостиварец, на 6 ноември управувал автомобил „Мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар. Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да се обиде да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Полициска потера по гостиварец: при обидот да избега од „мерцедесот“ фрлил автоматската пушка со вграден бајонет, се спроведува истрага, побаран е притвор

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за едно лице дека сторило кривично дело...

Македонија34 минути

Вицепремиерот Фетаи добил закани по живот на електронската пошта

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл добил порака со закана по животот. Фетаи ја објави...

Македонија48 минути

Почина поранешниот функционер Тахир Хани

На 63-годишна возраст по кратко боледување почина поранешниот функционер од редовите на ДУИ и пратеник, Тахир Хани. Веста за неговата...

Македонија2 часа

Мицкоски по средбите во Будимпешта: Оптимист сум дека мора да нѐ биде и ќе нѐ биде

Нашето место е и заслужуваме да сме во Европската Унија, мора да успееме. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски од...

Македонија2 часа

Власта да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната, порача СДСМ

Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината...

Европа3 часа

(Видео) Украинците објавија снимки: „Русите масовно ставаат термобарични бомби на дронови“

Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави на борбените беспилотни летала Шахед-136, кои сега претставуваат многу поголема закана при...

Свет4 часа

(Видео) Израелци претепани во Амстердам; Нетанјаху: Испраќаме спасувачки авиони

Навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби Тел Авив „синоќа беа нападнати од заседа во Амстердам“ додека го напуштаа стадионот по...

Свет5 часа

(Видео) Потона рибарски брод во Јужна Кореја, двајца загинати, 12 исчезнати

Две лица загинаа, а 12 се уште се водат како исчезнати откако рибарски брод потона рано утринава во водите кај...

Свет5 часа

Трамп објави дека Сузи Вајлс ќе биде шеф на кабинетот на Белата куќа

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговата менаџерка на кампањата Сузи Вајлс ќе биде шефица на кабинетот на...

Европа5 часа

Путин: Решени сме да создадеме услови Украина да не биде инструмент во рацете на трети земји и да не се користи во нивни интереси

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина треба да остане неутрална за да има шанса за мир, додавајќи дека границите...

Свет5 часа

Трамп најави масовни депортации: Наркобосовите и убијците ќе се вратат во своите земји

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во своето прво интервју по победата над Камала Харис на Ен-би-си рече дека зајакнувањето на американската...

Македонија17 часа

Почина петгодишно дете на Детската клиника, било хоспитализирано поради силна главоболка

Почина петгодишно дете како последица од воспаление на мозокот на Клиниката за детски болести. Девојчето од Скопје кај нив било...

Топ18 часа

Две деца нападнати во основни училишта – едното од соученик на час, а другото од 42-годишник во двор

Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово, од кои едното за време на час од...

Македонија19 часа

Неисправни вагони и локомотиви имало во опожарениот хангар на „Македонски железници“, велат од МВР

Нема повредени во пожарот кој доцна синоќа во 1 часот и 45 минути по полноќ избувна во хангарот на „Македонски...

Македонија23 часа

Вработени издавале државјанства на лица што не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А. Б. (33) и 30-годишната А. С., двајцата од село Мелница, општина...

Топ23 часа

Загина 59-годишен маж од Прилеп: со возилото излетал од патот

Вчера во 11.28 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево,  кај место викано „Бегова ливада“,...

Македонија24 часа

Поради нерегуларности, затворени два института, просветната инспекција ги проверува и универзитетите, објави Јаневска

Кај некои универзитети се утврдени нерегуларности, потврди денеска и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа информира дека државната...

Македонија24 часа

Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење, а најавија и протести пред Владата оти Мислајловски 130 дена ги игнорира

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, под сомнение дека ја...

Македонија1 ден

Спасено лице од давење во Дојранското Езеро, акција на МВР – Гранична полиција

Вчера беше спасено лице да не се удави во Дојранско Езеро во акција на МВР – Гранична полиција, извести ЦУК....

Македонија1 ден

Почувствуван земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...