Македонија
Рекордни 101 литар дожд наврнаа во Гевгелија
Рекордни 101 литар дожд наврнаа во Гевгелија во текот на изминатите 24 часа, соопшти во среда Управата за хидрометеоролошки (УХРМ) работи.
Вчерашното невреме проследено со поројни врнежи од дожд најмногу ја погоди Гевгелија каде што наврнаа 101 литар дожд на метар квадратен. Според податоците на УХРМ, во Демир Капија наврнале 87 литри дожд на метар квадратен, Битола 86 литри, Куманово 63 и Скопје 60 литри.
Најмалку дожд во изминатите 24 часа наврнал во Тетово, Лазарополе, Охрид и Берово.
За денеска УХРМ најави претежно облачно време со повремен слаб до умерен дожд, попладне проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб источен ветер, а кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престануваат.
Максималната температура ќе се движи од 19 до 25 степени.
И во текот на следните денови ќе продолж периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои ќе имаат променлив интензитет проследени со локална појава на грмежи. Поинтензивна нестабилност ќе има во петок попладне.крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

