Македонија
Рочишта за случаите „Поткуп“, каде обвинет е Заев и за „Сопот“

Во Кривичниот суд во Скопје, во вторник треба да се одржат две рочишта за случаите „Поткуп” и „Сопот”.
Во случајот „Поткуп” обвинет е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој се товари дека барал пари од свој сограѓанин за градежно земјиште.
Случајот „Сопот” сега е предмет на Специјалното јавно обвинителство.
Последното рочиште за „Поткуп“, на 22 ноември, беше одложено поради презафатеност на Заев во изборната кампања. Во овој случај Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов сакал да го приватизира.
Инаку, судскиот предмет „Сопот“ е од 2003-та година во кој 11 селани од кумановското село Сопот беа осудени за тероризам, односно за поставување на мина на пат. Во експлозијата која настана откако на мината нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани, загинаа двајца полски војници и еден цивил. Судењето, откако го презеде СЈО, е вратено на почеток./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на вистината за АНБ, што ја плаши власта, па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.