Македонија
„Шарената револуција“ со ултиматум за власта
Откако претходно во понеделникот Претседателот Ѓорге Иванов ја повлече својата одлука за аболицијата за сите 56 лица од помилува на 12-ти април, движењето „Шарена револуција“ на својот веќе традиционален проест во понеделникот вечерта побара оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на таканречена преодна влада, а најавија и радикализација на нивните протести со непопуларните блокади на раскрсниците во центарот на Скопје.
Притоа ова движење ги испорача своите барања за кои на власта ѝ даде рок до 18-ти јуни и најави блокади на клучните раскрсници во Скопје од среда.
Во прогласот објавен на официјалната Facebook страница на Шарената револуција на валдата ѝ се порачува „да ги сфати многу сериозно“ и „итно да ги исполни“ нејзините ултиматуми „за оваа криза да не се продлабочи уште повеќе“.
Според нивнито палн сега треба многу брзо да бидат исполенти два од нивните услови, а тоа се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите.
Покрај овие барања за кои демонстрантите го испорачуваат рокот до 18-ти јуни, тие бараат и оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, потоа формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО , вклучување на граѓанските организации во преговорите, оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија
Тие најавија радикализација на протестите со блокади на раскрсниците во Скопје од среда 8 јуни затоа што велат дека така ќе покажат како всушност изгледа животот во блокирана држава со блокиран пристап до правда, блокирани и партизирани институции.
„Блокада на системот е нужна за да ги спречиме и понатаму да ја блокираат правдата! Бараме разбирање и поддршка од сите наши сограѓани, бидејќи ова го правиме за подобра иднина за сите нас“, се вели во прогласот на Шарената револуција.
Протестот започна вообичаено во 18 часот пред СЈО, а демонстрантите ги пречека силен полициски кордон. Денешниот протест се одвиваше под мотото „Овде е крајот. Заради Мартин, за сите!“. На денешен ден пред пет години, Мартин Нешковски беше претепан do smrt од специјалецот Игор Спасов на прославата на изборната победата на ВМРО-ДПМНЕ.
На денешните протести демонстрантите по кусо кошкање го пробија полицискиот кордон од полицајци кај Соборниот храм, и успеаја да се пробијат кон зградата на Владата. На чело на вечерашниот протест беа и лидерите на опозициските партии./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, на планините врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.

