Македонија
СДСМ: 53 отсто млади се невработени, имаме план да ги вработиме
СДСМ ветува вработувања за младите, да останат да работат и да живеат дома, затоа што сега Македонија стана земја во која младите луѓе ги изгубија шансите за вработување и нормален живот, а според Светска банка во Македонија 53 отсто од младите се невработени.
„Ваквиот тренд на се поголема младинска невработеност принуди голем број на млади високообразовани луѓе да ја напуштат земјата. 30 отсот од младите образовани се иселиле од МАкедонија што значи дека секој трет млад човек по дипломирањето заминал по работа во трети земји. 80 отсто од оние што останале размислуваат да си заминат. Со Груевски нема напред затоа што неговите промашени економски политики станаа опасни по животот на младите луѓе во Македонија“, се вели во партиското соопштение.
Планот за живот на СДСМ има за цел да ги задржи младите да останат да живеат и работат дома во Македонија со повисоки плати, сигурни добро платени работни места и гарантирани шанси за вработување по завршувањето на школувањето и услови за водење на сопствен бизнис.
„По завршувањто на школувањето младите луѓе ќе имаат гарантирана шанса за вработување, тренинг, обука или продолжување на образованието. За оние млади луѓе што ќе имаат добра бизнис идеја државата ќе обезбеди неповратни 10.000 евра за да отпочнат свој бизнис. За новите бизниси ќе има и бесплатни административни, сметководствени и консалтинг услуги во старт ап центри. Секој млад човек кој ќе сака да основа сопствена фирма тоа ќе може да го направи со само 1 евро основачки капитал. За новите бизниси ќе има и евтини кредити од 15.000 евра со само 1 отсот камата. Со нашиот План за живот ќе обезбедиме и повисоки плати, минимална плата од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари до крајот на мандатот“, ветувата од СДСМ./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

