Македонија
СДСМ: Болниците полни болни деца, власта без ефективна мерка за загадувањето
Крајно неодговорно е клиниките да се преполни со болни деца и граѓани, а на градоначалничкиот состанок да не се донесе ниту една ефективна мерка против загадувањето во Скопје, сметаат од СДСМ.
„Граѓаните знаат дека Скопје можеше да биде гасифициран град. БЕГ (Топлификација )под контрола на лица од фамилијата на Никола Груевски можеше да ги мотивира граѓаните да се греат на парно, наместо да ги принудува да се исклучуваат поради лошите услуги. Груевски и Коце Трајановски можеа да овозможат субвенции за пелети на граѓаните, наместо да потрошат над 630 милиони евра за криминалниот проект Скопје 2014. Тоа што 10 години не го направија Никола Груевски и Коце Трајановски, ќе го спроведе новата одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Додаваат дека новата Влада ќе ги гасифицира и Скопје и сите други градови во Македонија, по успешните примери во Струмица и Куманово. Че ги пренамени за намалување на загадувањето на воздухот 20-те милиони евра за Панорамско тркало, 5.7-те милиони евра што само во 2017 година Груевски и Трајановски сакаа да ги потрошат на нови барокни фасади, 500-те илјади евра што планираа да ги потрошат за партерно уредување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Со овие пари ќе се овозможи бесплатен јавен превоз за сите граѓани во деновите на високо загадување и субвенции за греење за социјално најранливите категории. Како интервентни мерки ќе воведат посебен сообраќаен режим и времен целосен прекин на сите градежни активности во Скопје.
„Сите кои ги загрозуваа животите на граѓаните со несериозни политики ќе одговараат.“, се вели во соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

