Македонија
Почина сопственикот на еден од најпознатите скопски ресторани „Уранија“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/stavre-nikolovski.jpg)
По кусо и тешко боледување почина познатиот угостител Ставре Николоски, сопственик на култната “Уранија”. Погребот ќе биде извршен, во среда, напладне во неговото родно Крушево.
Николоски беше сопственик на познатиот угостителски бренд “Уранија”, угостител со 30годишно искуство, односно неговиот бренд меѓу скопјани е присутен од 1992 година, и тоа на просторот во Градскиот парк.
Печеното јагнешко и прасечко, влашката торта и уште многу други влашки специјалитети се дел од богатото мени на неговиот објект, нешто по кое љубителите на добрата храна и ја препознаваат “Уранија”.
„Нашата храна ја користат не само обичните луѓе, туку и амбасадори, дипломати и бизнисмени. Таа се подготвува во нашата пекарница и со специјални возила за одржување на топлина ја транспортираме до нашите угостителски објекти”, велеше Николоски, кој со угостителство почнал да се занимава во далечната 1966 година, кога од Крушево се преселил во Скопје.
„Уранија” којашто постои и денес датира од 1994 година, а името го добила заради неговата сопруга Уранија. Денес речиси нема кој не знае каде е „Уранија” и кој е газда Ставре, кому гости му биле сите политичари, музичари, па дури и Ричард Гир, Ванеса Редгрејв, Роџер Мур. Во „Уранија” уште од основањето важеше старото правило овде нема што нема./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.