Македонија
СДСМ денеска во Ѓорче Петров и Карпош, ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод и Кичево
СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“, во сабота ќе има митинзи во Ѓорче Петров во 17.30 часот и во Карпош во 19 часот. Носителката на листа во ИЕ 5 Радмила Шекеринска ќе има средби со граѓани во Охрид.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, пак, во сабота митингува во Македонски Брод во 17.30 часот и во Кичево во 20 часот.
Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има средба со граѓаните во Слатина и Теарце во 18.30 и во Добридол во 20 часот.
Коалицијата за промени и правда денеска ќе биде во Драчево во 13 часот. Носителот на кандидатската листа бо Изборната единица 4,, Слободан Богоевски е во Струмица.
Алијанса за Албанците ќе има митинзи во Липково во 18 часот и во Арачиново во 20 часот
Коалицијата „ВМРО за Македонија‘‘ ќе одржи средба со граѓани во Штип, на која ќе присуствуваат претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Носителот на кандидатската листа на ДУИ во петтата изборна единица Агим Шаќири денеска ќе одржи прес конференција на патот Кичево – Струга во 13 часот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

