Македонија
СДСМ: Груевски и Мијалков извршиле државен удар
По најновата истрага од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречена „Таргет“ која открива дека биле прислушувани незаконски 5.000 телефонски броеви, од страна на службеници во Управата за безбедност и контраразузнавање, опозициската СДСМ, која и ги објави овие разговори, смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и нивните соучесници извршиле државен удар со досега невидено кршење на правата и слободите на граѓаните.
„Пропаднаа сите лаги на Никола Груевски за странски служби и жолти комбиња. Јавноста сфати зошто Груевски со месеци бега од јавна и транспарентна судска постапка, како што ветуваше, и соочување со граѓаните, за да даде одговор на прашањата кој, како и зошто прислушкувал во Македонија. Ете кој го направил пучот. Ете кој прислушкувал над 20 илјади граѓани. Ова е обид за воведување целосна диктатура и поништување на правото на приватност преку следење на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.
Сметаат дека од ова се гледа како Груевски и Мијалков незаконски ги следеле и прислушкувале политичарите, бизнисмените, новинарите, граѓаните, како имале пристап до сите информации, знаеле се за секого во државата, па им било полесно да ги украдат и изборите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

