Македонија
СДСМ на Конгресот ќе ги објави пратеничките листи за изборите
Опозициската СДСМ, во недела попладнево ќе го одржи 21. Конгрес во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, каде се очекува да бидат објавени пратеничките кандидатски листи за изборите на 11 декември.
Неофицијално се знае дека носител на првата изборна единица ќе биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.
Носител на втората изборна единица ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски.
Во четвртата изборна единица ќе трча претседателот на партијата Зоран Заев.
Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ќе биде носител на кандидатската листа во петтата изборна единица, а на шестата портпаролот Петре Шилегов.
Место на листите ќе добијат и колациските партнери на СДСМ, и тоа ЛДП, НСДП, ДОМ, партијата на Фиат Цаноски ПЕИ и партијата на Ердоган Сарач, а се очекува на листите да се најдат имиња на припадници на Шарената револуција и секако независни интелектуалци, како што најави Заев./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

