Македонија
СДСМ не гласаше за формирање на Комисија за работата на Иванов

Пратениците на СДСМ не гласаа за формирање на Комисијата за утврдување на одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов, бидејќи сметаат дека треба да имаат повеќе членови.
Од СДСМ рекоа и дека одлуката ќе ја обжалат пред Управниот суд бидејќи сметаат дека е прекршен Деловникот.Комисијата која треба да расправа дали со аболицијата Иванов ги прекршил Уставот и законите, ќе брои 11 члена, претседател ќе биде Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.Од вторник почнува да тече рокот од една недела во кој Комисијата за утврдување на одговорноста треба да подготви извештај за работата на претседателот Ѓорге Иванов. Комисијата беше формирана во вторник по бурна расправа помеѓу пратениците од власта и опозицијата.Опозицијата смета дека Иванов треба да биде разрешен поради аболицијата што ја донесе за 56 лица, најголем дел осомничени од специјалното обвинителство за афери кои произлегоа од содржината на прислушуваните разговори. Од опозициската СДСМ сметаат дека селективното повлекување на аболициите не е доволно и дека претседателот веќе ѝ нанел штета на државата.Иванов е првиот претседател на Македонија за кој е поведена постапка за утврдување одговорност.Најверојатно постапката за оценување на одговорноста на претседателот нема да го добие потребното двотретинско мнозинство во Собранието кога оваа точка ќе се најде на дневен ред, но и ако се случи тоа, ќе биде потребно тоа да го одобри и Уставниот суд, по што мандатот на претседателот престанува, и се распишуваат избори./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.