Македонија
СДСМ:Администрацијата да биде спокојна, времето на закани и притисоци истекува

Вработените во администрацијата нека бидат спокојни бидејќи времето на закани, притисоци, бркања од работа завршува за 39 дена! Отпуштања во администрацијата нема да има, порачуваат од СДСМ.
„Знаат добро граѓаните и вработените во државните и јавните институции како министрите на Груевски нарачувале да им биде загорчен животот и да бидат преместени на работни позиции стотици километри оддалечени од нивните домови. Слушнаа луѓето лично од соработниците на фамилијата како вработените во администрацијата морале да гласаат со „триаголничиња“, за да не “летаат од работа“. Како требало да се “сотрат“ сите кои одбивале да извршуваат наредби за незаконски и криминални активности. Граѓаните слушнаа и за “влечењето за уши“,за желби на најблиските соработници на Груевски семејство да “заврши во ендек“, за плановите за одмазда дури и на семејството на Тоше Проески“, се вели во соопштението на СДСМ. Според социјалдемократите, новата одговорна влада што ќе ја добие честа да ја предводи СДСМ, заедно со граѓаните, со вработените во администрацијата, со младите, ќе го врати животот во Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДОМ: Катастрофално однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран, Владата ги заборави работниците

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) остро реагира на „катастрофалното однесување на владејачката коалиција во услови на екстремен топлотен бран“. ДОМ ги предупредува институциите дека „не може веќе да се прикриваат зад општи соопштенија од Министерството за здравство без конкретни и обврзувачки мерки. Оваа неодговорност става во животна опасност илјадници граѓани и работници ширум државата“.
„Секој ден следиме како Министерството за здравство објавува препораки без рокови и обврски за нивно спроведување, додека Владата не излегува со ниту една одлука што ќе го гарантира правото на безбедна и здравствено прифатлива работа при температури од над 40°C. Ова фијаско мора да престане – не е доволно да се советува „пијте повеќе вода“ додека луѓето колабираат од топлотен удар.
Особено алармантна е судбината на работниците на отворено: градежните работници, земјоделците, лицата што работат на патарините, пазарџиите. Тие се оставени сами на себе без обврзувачки паузи, без обезбедена вода и без заштитна опрема. Ниту Трудовиот инспекторат нема јасни упатства, а инспекторите не смеат да казнуваат без конкретни законски рамки. Ова е срамота за правната држава“, велат од ДОМ.
„Не помалку загрижувачка е ситуацијата на вработените во просториите без клима или инфраструктурните објекти кои го „игнорираат“ топлото време: работниците во магацини, хигиеничарите, вработените во угостителските објекти. Тие работат во неиздржливи услови на загреани простории каде температурите често надминуваат 35°C, без никаков законски пропис што ја регулира должината на работното време или задолжена инсталација на вентилатори и тела за ладење.
Зелената партија ДОМ бара итно донесување на национален акциски план за заштита од топлотен стрес: задолжителни дневни прекини при температура над 30°C, обврзувачка инсталација на вентилатори или клима-уреди во јавни и деловни објекти без ладење, редовна дистрибуција на вода и „сенка“ на градилиштата, како и зајакната контрола и казнени мерки за непостапување по овие правила. Ако Владата не делува веднаш, ДОМ нема да остане мирен набљудувач, туку ќе бара одговорност на сите нивоа“, се наведува во сооптението на ДОМ.
Македонија
На Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути

Поради пожар во Националниот парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори. се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е 15-ина минути, на другите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Кисела Вода и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07.30 до 15.00 часот дел од корисниците на улицата Христо Татарчев, потег од резиденција на Чешка амбасада до маркет „Давидов“, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од потрошувачите на улица Козле 2 и улица Козле, општина Карпош.