Македонија
Се одбележува Светскииот ден на лицата со Даунов синдром

Светскииот ден на лицата со Даунов синдром денеска во Mакедонија ќе биде одбележан со еднодневен инклузивен танц фестивал под мотото „Имам можности, имам избор“.
На фестивалот, што го организираат „Трисомија 21“ – Скопје во соработка со танцовиот клуб Dancers United MK, своите танцувачки способности ќе ги демонстрираат околу стотина изведувачи од Македонија, со и без попреченост, на различни возрасти и во различни танцови дисциплини (модерен танц, латино, народни ора, класичен балет).
Идејата на организаторите е да се покаже дека е важно на лицата со Даунов синдром да им се даде избор и можност да се изразуваат, со цел развој на нивните способности и целосно вклучување во општеството. Покрај домашни изведувачи, на фестивалот ќе учествува и Сара Горди – актерка и танчерка со Даунов синдром од Велика Британија, која со години е јавна личност и активно работи на подигнување на свеста за способностите на лицата со Даунов синдром. Таа танцува во рамки на иницијативата Culture Device Tanc Project.
Танц фестивалот ќе се одржи во Театар Комедија, со почеток во 12 часот.
Во 20 часот во Концепт 37 ќе биде организиран и Танцкараоке – отворен настан во кој може да учествува секој што сака да се обиде да се изрази преку танцување, а ќе треба да изведе кореографија на омилената песна. Целта е да се надминат бариерите кои ги поставуваат категориите, без разлика дали се тие во однос на способностите, возраста или танц дисциплината.Влезот и за двата настана е бесплатен.
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 Март – симболично одбран датум поради трите копии на 21от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба./крај/миа
Извор: МИА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.