Македонија
Се слави во родното место на Меланија Трамп во Словенија
Меланија Трамп од јануари ќе ја наследи Мишел Обама како американска прва дама, а во нејзиното родно место Севнице во Словенија, се славеше победата на нејзиниот сопруг за претседател на САД.
И премиерот на Словенија, Миро Церар преку Twitter го истакна словенечкото потекло на Меланија, честитајќи му ја победата на трамп.
За својот пат до Белата куќа Меланија може да се заблагодари на една случајна средба во 1987 година во главниот град на Словенија, Љубана.
Имено, словенечкиот фотограф Стане Јерко, за Reuters вели дека излегувал од модна ревија и ја забележал Меланија пред зградата како чека некоја пријателка.
Тој ѝ пришол и ѝ предложил да направат пробно снимање, а 17-годишната Меланија со тие црно-бели фотографии ја почнува манекенската кариера. Тоа ќе ја одведе до Милано и до Њујорк, а на една забава ‘е го сретне Доналд Трамп во 1998 година.
Мoжеби нејзината приказна не е баш „од трње до ѕвезди“, но сепак, таа има скромно потекло од Словенија.
Жителите на градчето Севнице во југоисточна Словенија, каде Меланија пораснала, велат дека нејзиниот татко продавал авто-делови, а мајката работела како шивачка во фабрика за детска облека. Некои медиуми наведуваат дека татко ѝ бил член на комунистичката партија, како и многумина други во социјалистичка Југославија, но тоа нема потврда.
Од кампањата на Трамп имаат поинаква перцепција за потеклото на Меланија и нејзиното детство, па велат дека таа почнала да се занимава со манекенство на петгодишна возраст, дека татко ѝ бил менаџер во автомобилска компанија, а мајка ѝ и модна дизајнерка.
„Татко ѝ никогаш не бил комунист“, вели за Reuters pортпаролката на кампањата на Трамп.
„Кога видов за кого се омажи забележав сличност на Трамп со нејзиниот татко“, вели нејзината пријателка од детството Мирјана Јеланчич.
Таа вели дека покрај физичката сличност, двајцата биле зависни од работа.
Нејзините родители сé уште живеат во семејната куќа со мал двор и неколку овошки, а многу време поминуваат во САД, каде живее и нивната друга ќерка Инес.
Јеланчич вели дека Меланија била добра ученичка, секогаш носела книги со себе, а посебно ја интересирале уметноста, историјата и географијата.
Исто така, вели знаела да се облекува со вкус, а често преправала стари работи, па таа била сигурна дека ќе заврши во модната индустрија.
Во Љубљана почнала да се занимава со манекенство, откако ја освоила титулата прва придружничка на Мис Словенија 1992 година.
Беше покрај сопругот кога минатата година во њујоршкиот облакодер на Трамп тој објави дека ќе се кандидира за претседател, но од тогаш до крајот на кампањата таа беше сокриена и во втор план, па ретко и одеше на неговите собири.
Го заштити Доналд кога беше објавена видео-смнимката на која простачки зборува за жените. Рече дека нејзиниот сопруг ги цени жените и им дава иста шанса како на мажите.
Фотографот Јерко, кој денес има 78 години, сé уште ги чува фотографиите од Меланија и сигурен е дека таа ќе биде среќна што сопругот нејзин станал претседател на САД.
„Мислам дека многу е горда на неговите достигнувања, а верувам и дека јас сум до некаде заслужен за нејзиниот успех“, вели Јерко./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.
„Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.
Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.
Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион“.
Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари, прашува Кузеска.
Македонија
Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.
Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Македонија
Перински: Поддршка за локалниот потенцијал – Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност
Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.
Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали.
Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки:
– развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони;
– препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони;
– подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.
Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.
Право на поднесување предлог-проекти имаат: Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.
Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.
Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа на следниот линк.

