Македонија
Семејството на Дениса Маркоска бара помош од Груевски
Семејството Маркоски, чија ќерка исчезна на 12-ти септември од бродот „Серинисима“ којшто пловел во водите на Егејското море, бара од премиерот Никола Груевски да се заложи за да се направи ДНК анализа на телото што беше најдено и во Македонија.
„Поголема болка е Г-дине Премиер да подготвуваш погреб за своето дете, а да не знаеш кого ќе погребеш. Како да ги смириме душите, како да знаеме дека своето дете го погребуваме?“ пишува во писмото.Го молат Премиерот да интервенира кај Државниот јавен обвинител да им овозможи да направат уште една ДНК анализа во македонските лаборатории за да бидат сосема сигурни дека во ковчегот кој ќе стигне од Грција ќе биде телото на нивната Дениса. „Ќе нè јаде тагата додека сме живи, но барем сомнежот да не нè јаде“, се вели на крајот на писмото што семејството го испраќа до Груевски. Од јавното обвинителство сè уште нема одговор дали ќе дозволат да се направи ДНК анализа на телото во Македонија. Оттаму велат дека во текот на денот ќе излезат со соопштенија за јавноста за овој случај.Од Министерството за надворешни работи велат дека постапката за пренос на телото на Дениса Марковска е отпочната. „Парите на осигурителната компанија Сава осигурување ќе легнат на сметката на грчката фирма во вторник. Нашата Канцеларија за врски во Атина ќе издаде спроводница веднаш штом ќе побараат“, велат од МНР.Дениса исчезна од бродот на 12-ти септември, но никој не знае како. Грчките власти почнаа потрага по девојката, која заврши на 4-ти октомври кога беше најдено женско тело во водите на Егејското море. ДНК анализата којашто ја направија грчките власти била 99,9 отсто сигурна дека пронајденото тело е телото на девојката, но семејството се сомнева во оваа анализа и бара пред погребот на нивната ќерка да се направи уште една ДНК анализа во Македонија. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

