Македонија
СЕММ: Mедиумите да не го злоупотребуваат немонтираниот материјал од интервјуто на Јанева
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по објавувањето на снимките од немонтираното интервју со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за МРТВ, ги повикува медиумите да не го злоупотребуваат добиениот материјал и да прават обиди за презентирање на добиените информации и гледишта во несоодветен контекст и без почитување на стандардите на чесно, коректно и објективно известување.
„Поттикнувајќи ги медиумите и новинарите да известуваат за теми од јавен интерес, ги потсетуваме дека, пред сѐ, треба да бидат одговорни пред својата публика и општата јавност и да ги негуваат правичноста и сеопфатниот пристап кон јавните прашања, без да служат на какви било посебни интереси“, се вели во соопштението од СЕММ. Понатаму уште се додава дека во спротивност со нормите на професијата е и дистрибуцијата на аудиовизуелните записи што ги снимиле екипите на МРТ, за коишто право на обработка и нивно емитување имал јавниот радиодифузен сервис. „Дистрибуирањето на снимениот материјал, освен што може да предизвика штети врз интегритетот на соговорникот, значи и непочитување на темелните начела на професионалното и одговорно однесување, чесност во работењето и чување на угледот и интегритетот на МРТ. Повикуваме на почитување на професионалните стандарди и етичките начела во сите полиња на медиумското работење заради заштита на јавниот интерес и професионалниот интегритет на медиумите“, пишува во соопштението на СЕММ. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

