Македонија
Штипјани се жалат и предупредуваат на несносливите санитарни услови во Клиничката болница
Додека потресени од тажната судбина на младата 26-годишна нивна сограѓанка којашто во понеделникот доцна попладнето почина на гинеколошкото одделение во Клиничкиот центар го очекуваат официјалниот извештај за трагедијата, штипјани предупредуваат на очајните санитарни услови во споменатата медицинска установа.
Телото на младата штипјанка е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се утврди што било причината за нејзината смрт, односно дали се работи за докторска негрижа или за труење.
Во вторникот, пак, читатели од Штип испратија фотографии на тоалетите за кои тврдат дека ја укажуваат очајната санитарна состојба, токму на одделот на кој почина несреќната млада жена. Пациентите, исто така, се жалат на непрофесионалност, за нехигиена, руинирани објекти.
Очигледно е дека времето си го прави своето и 80-годишното постоење на штипската болница значи дека е неопходна потреба за дополнителни инвестиции, за да се задржи и подобри сликата за еден од и најзначајни клинички центри во земјата.
„Мизерни се условите во штипската болница, а градбата на ваква модерна болница би требало да се постави на пиедестал како регионална болница од врвен калибар, но како што реков во времето што претстои сега со овие криминални структури секако дека нема да биде ништо“, рече неодамна во интервју др Ангелчо Андоновски во врска со состојбите во штипската болница и најавата за изградба на современ медицински објект.
Во март годинава во Штип беше поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти. Клинички центар, според најавите на владата на заминување, со сите свои карактеристики и функционалности ќе биде здравствен комплекс „каков што досега не е изграден во Македонија“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

