Македонија
СЈО бара изземање на судијката Петровска, бидејќи се спомнува во „бомбите“
Специјалното јавно обвинителство бара изземање на судијката Лидија Петровска, бидејќи нејзиното име се споменува во прислушуваните разговори коишто ги објави опозицијата, соопштуваат од Специјалното јавно обвинителство, откако судијката им ги врати доказите за обвинението коешто го работи таа, односно за случајот во којшто се обвинети шефот на Петтата управа, Горан Грујевски и уште шестмина вработени во Управата за безбедност и контраразузнaвање за уништување списи за работата на системите за следење на комуникациите.
„Ова Јавно обвинителство поднесе барање за изземање на судија, бидејќи постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавно објавените незаконски прислушувани разговори“, велат од СЈО.Иметот на Лидија Петровска беше спомената во разговор меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Во разговорот Мијалков ѝ соопштува на Лаличиќ дека е избрана за судијка и ѝ кажува дека освен неа за судијка е избрана и Петровска. Лаличиќ е незадоволна од изборот и коментира дека Петровска била унапредна бидејќи ѝ купувала скапи подароци од брендот „Сваровски“ на сегашната претседателка на Врховниот суд, која претходно беше претседател на Кривичниот суд.Специјалното јавно обвинителство во петокот пповторно ги достави доказите од Обинението до Основниот суд Скопје 1, а како што информираа во четвртокот доказите нема да ги декласифицираат, како што бара судијката, бидејќи нема законски пречки судот да прими вакви информации и дека актот на декласификацијата би можело да има штетни последици.Во дописот е појаснето и дека во конкретниот случај не е барана декласификација на доказите, поради фактот што со декласификација предложените докази би добиле третман на информација до која се има слободен пристап, со оглед дека се работи за докази кои се поврзани со внатрешната организација и правилата на работење на Управата за безбедност и контраразузнавање и Министерството за внатрешни работи, со актот на декласификација би можеле да настанат штетни последици.СЈО минатиот четврток по една година ги поднесе првите две обвиненија, едното за вработените во УБК, а второто против поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои се товарат за поттикнување на насилство во протестите во општина Центар пред неколку години. Освен нив, уште три други лица се обвинети за истото дело, а девет лица се товарат дека се извршители на насилство. Овој случај ќе го работи судијката Татјана Михајлова која ќе треба да му суди на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Таа беше истражна судијка во случајот „Ликвидација“ и му одреди притвор на новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден во овој случај за откривање на идентитет на заштитенм сведок.Овие случаи се работат по скратена постапкаи за овие дела е предвидена парична казна или казна затвор од најмногу пет години./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

