Македонија
СЈО: Ние одлучуваме за надлежноста над предметите
Специјалното јавно обвинителство смета дека Законот за специјално обвинителство е јасен и дека токму тие одлучуваат дали некој предмет е во нивна надлежност.
Скопското јавно обвинителство попладнево соопшти дека нема да му ги отстапи на новото Обвинителство предметите „Маѓар Телеком“, случајот со пиштолите во кој е осомничен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски и уште еден предмет за производство и дистрибуција на детска порнографија во кој е осомничен синот на Верушевски,иако Специјалното обвинителство ги побарало овие предмети за да решаваат дали се во нивна надлежност.„Предметите ги имаме побарано за да одлучиме за надлежноста. Наша работа е да се произнесеме за надлежноста. Замислете првиот пат кога побаравме пет предмети ни беа доставени сите 35, а сега прават проблем за три предмети. Ние се уште не знаеме дали ќе поведеме постапка за овие предмети, туку мора да утврдиме прво дали имаме надлежност над нив“, велат од СЈО.Од Специјалното јавно обвинителство сметаат дека за ова нема простор да одлучува Советот на јавни обвинители, но ќе ја почекаат неговата одлука па ќе реагираат дополнително.„На наше писмено барање Јавните обвинителства треба да ни ги предадат предметите по кој тие постапуваат за ние да одлучиме за надлежноста. Тука нема простор Советот да одлучува кој предмет ни припаѓа во наша надлежност или не. Сите разговори не се објавени јавно и ние само можеме да судиме дали врз основа на материјалите кои ги имаме треба да побараме одреден предмет. Но, сепак ќе почекаме да се изјасни Советот пред да реагираме дополнително“, додаваат од Обвинителството. Според скопското обвинителство овие предмети не произлегуваат од прислушуваните разговори и затоа побарале Советот за јавни обвинители да се изјасни дали Специјалното обвинителство постапува законски.На прес конференцијата на која беше соопштен првиот случај „Титаник“, Специјалното јавно обвинителство соопшти дека ќе одлучува за надлежноста и на други предмети и ги споменаа предметите „Маѓар Телеком“ и „Надеж“./крај/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Коњановски даде отчет за првите 100 дена: фокусот е на инфраструктурата, образованието, спортот, културата и енергетска транзиција
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција.
Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се поплочуваат тротоари на новата улица СРУ 5, а се изведуваат и три нови игралишта во месноста Областа.
Коњановски истакна дека во 2026 година се планирани 53 реконструкции на улици и локални патишта и изградба на шест нови паркинг простори на повеќе локации во градот. Во спортската инфраструктура се вклучени подготовки за мултифункционален спортски комплекс, атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“.
Во образованието се продолжува со реконструкција на училишни спортски сали, изградба на нови игралишта и објекти за учениците, додека за заштита на животната средина се преземаат проекти за одводнување и прочистување на отпадни води на 25 локации и за системи за водоснабдување.
Градоначалникот нагласи дека дигитализацијата е приоритет, со промоција на националниот портал за електронски услуги „Е-услуги“, а општината активно се вклучува во праведната енергетска транзиција со поставување фотоволтаици во училишта и на јавни објекти.
Во рамките на културата и спортот, Битола беше домаќин на натпревари на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, а се реализираа проекти за ракомет, бокс и други спортски активности. Општината организираше и јавни трибини, поддршка за волонтери, активности за лица со попреченост и старо население.
Коњановски истакна дека Битола го поттикнува туризмот преку проекти како физибилити студија за гондола на Пелистер и градежни активности за планинарскиот дом „Копанки“. Градоначалникот посочи дека секој проект ќе биде следен со транспарентно информирање до граѓаните, со цел локалната самоуправа да остане сервис на жителите.
„Не се фалиме, само работиме, а позитивните коментари доаѓаат од други. Критиките не не обесхрабруваат, туку нè мотивираат да продолжиме со нашата мисија“, изјави Коњановски.
Македонија
Работниците немаат за леб а владата мисли да купува авион за Мицкоски, велат од СДСМ
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос велат од СДСМ.
„Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.
За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.
Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.
Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања“.
Ученикот, додаваат од опозициската партија, сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.
„И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?
Малку да не им се 161 тендер досега?
Сè е бизнис во ВМРО“.
Македонија
Герасимовски: Финасиска поддршка за спортски проекти во Центар, заедно градиме здрави навики
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти.
„Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на поддршка и градење на тимскиот дух кај младите и нивното физичко и ментално здравје“, рече Герасимовски.
Проектите што ќе конкурираат, според соопштеното, треба да содржат најмалку три од следниве услови: да имаат стручни кадри, добро формулирани цели и очекувани ефекти, план за вклученост на заедницата и активности за стимулирање и афирмација на младите потенцијални спортисти-поединци во општината.
Право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, здруженија и институции со седиште во Општина Центар кои исполнуваат законски и административни критериуми.
Рокот за поднесување на пријавите е десет дена од објавувањето на повикот. Пријавите може да се достават преку пошта или лично во Архивата на Општина Центар

