Македонија
СЈО по една година – многу очекувања, многу отворени случаи, обвиненија нема
Помина една година откако јавноста дозна за Катица Јанева, кога преку ноќ сите четири политички партии се согласија токму таа да биде Специјален јавен обвинител кој треба да го расчисти криминалот во државава по објавувањето на прислушуваните разговори.
Ова име на 15 септември минатата година беше непознато за целата македонска јавност и за медиумите, но за многу брзо време стана едно од најспоменуваните имиња во препукувањата меѓу политичките партии. За владејачката партија Јанева и нејзините обвинители работат за СДСМ, а на опозициската СДСМ којашто и предаде на Јанева 546.948 фајлови со прислушувани разговори, таа е надеж за, како што велат, враќање на правната држава. На годишнината од изборот на Јанева, Специјалното јавно обвинителство треба да го објави вториот шестмесечен извештај за својата работа. ОД СЈО не ни одговорија дали Јанева ќе го презентира јавно извештајот или како и минатиот пат, тој ќе биде само доставен до Собранието и Советот на јавните обвинители и јавно објавен на веб страницата на Обвинителството. Пред шест месеци Јанева, токму во првиот извештај најави дека во најскоро време може да се очекуваат првите обвиненија, но оттогаш поминаа шест месеци и досега не е покренато ниедно обвинение. Сегашни и поранешни функционери беа на распити во Основниот суд Скопје 1, но и во Специјалното јавно обвинителство, а само еден од осомничените функционери, градоначалникот на Битола, Владимир Талески е во куќен притвор. Сите други осомничени функционери кои беа на распит се на слобода, иако за некои од нив СЈО бараше притвор или мерки за претпазливост. Нема информации колку вкупно истражни и предистражни постапки има отворено СЈО. Во првите шест месеци СЈО реферираше дека во првите шест месеци Обвинителството отворило вкупно 150 предмети.Триесет од предметите се во истражна постапка, а 120 се предистражни постапки.Специјалното јавно обвинителство досега јавно презентираше пет случаи кои се наоѓаат во истражна постапка и за овие случаи побара мерки за обезбедување на дел од осомничените. Првиот случај „Титаник“ во којшто првоосомничени се поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар Кирил Божиновски беше изненадување за јавноста. Јанкулоска и Јанакиески тогаш се појавија во судот, но не додоа изјави. Обвинителството за нив бараше притвор, но Судот ги одби барањата на СЈО. Обвинителството ги товари дека целосно ги криминализирале изборите во 2012 година со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат. На изборниот процес се влијаело и со насилство, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, злоупотреба на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања.Обвинителството бараше мерки за претпазливост против шестмината осомничени во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.За првоосомничениот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков немаше барање за притвор бидејќи Обвинителството смета дека не постои опасност од бегство и нему не му беше одземена ниту патната исправа.Во овој случај осомничен е и актуелниот командир на „Алфите“, Ивица Антевски Пуки, кој учествуваше во апсењето на Бошкоски.„Тврдина“ е третата истрага на СЈО во која има петмина осомничени кои се товарат дека ја искористиле својата службена положба за да ја уништат опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра. Првоосомничен е Горан Грујевски, кој беше началник на Петтата управа на МВР, второосомничен е шефот на Кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, а третоосомничена е Јанкулоска. Таа беше на распит во Судот и за овој случај, но за разлика од првиот пат кога се појави во Судот таа даде изјава за медиумите и тврдеше дека не сторила ниту едно кривично дело и дека СЈО работи по инструкции на СДСМ.Во овој предмет не беа определени мерки за претапзливост за никого, освен за Грујевски за кого СЈО бараше притвор, но Судот му го одзеде пасошот.Од функционерите во притвор заврши само градоначалникот на Битола, Владимир Талевски за случајот „Транспортер“, односно за малверзации со ученичкиот превоз.Специјалното јавно обвинителство ги товари Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, тешки 360.000 евра.Во Основниот суд на распит беше и поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за кого Обвинителството побара мерки за претпазливост за случајот „ТНТ“ во којшто е осомничен заедно со Јанакиески и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.За нив е отворена истражна постапка за незаконско рушење на станбено деловниот објект „Космос“, во сопственост на бизнименот, Фијат Цановски, кое, според СЈО, било направено заради политичка одмазда. Од случаите кои се во рацете на СЈО, единствено случајот „Пуч“, во којшто осомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во судска процедура, а судењето продолжува в петок./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

